Трето седмично предавање на Школото за јавни политики за генерација 2024/5

Share This Post

Амбасадорот Андраш Клајн одржа предавање сврзано со Унгарското претседавање на ЕУ и проширување пред учесниците на Школото за јавни политики Мајка Тереза на 16.10.2024 во 18 часот во х. Хилтон. Амбасадорот ја сподели својата возбуда за средбата и разговорот со млади интелектуалци од Македонија, нудејќи отворена перспектива за европската надворешна политика и уникатните предизвици со кои се соочува нашата земја на патот кон членството во ЕУ.

Во своето обраќање, тој ги охрабри младите луѓе да останат во Македонија и да придонесат за нејзиниот развој, станувајќи експерти и лидери кои ќе ја обликуваат иднината на земјата.
Предавањето предизвика возбудлива дебата, отворајќи многу интересни и провокативни теми, правејќи го ова навистина значајно искуство за сите присутни.
Со нетрпение очекуваме да продолжиме со овие важни разговори за иднината на Македонија во Европската унија.

More To Explore