Промена на начинот на именување судии, посебeн закон со кој ќе се уреди статусот на судиите, основните услови за поведување на постапки пред Уставниот суд и правното дејство на одлуките на Уставниот суд, како и воведувањето уставната жалба се само дел од препораките кои Центарот за истражување и креирање политики ги наведе во трудот „(Не)Трансформативната улога на Уставниот суд на Република Македонија”. Во трудот кој беше претставен денеска, а е во рамките на проектот „Судовите како креатори на политика: оценка на улогата на Уставните судови како агенти на промена во Западен Балкан”, финансиран од Регионалната програма за поддршка на истражувањето во Западен Балкан на Швајцарската агенција за соработка и развој, авторите Др. Марија Ристеска и м-р. Емил Шурков објаснуваат и дека со брзи и одлучни промени може да се изгуби улогата на Судот како стабилизатор, а тоа може да внесе поголем степен на ризик во судскиот систем, Тие не се поддржувачи на барањето за револуционерна промена, туку за посилна и погласна академска и јавна дискусија за реформа со цел Уставниот суд да ја одржи својата најсилна функција, а тоа е континуитет на уставниот поредок.
„Ваквата еволуција би опфатила и законски реформи, усвојување на Закон за Уставен суд, подобро регулирање на опфатот на заштитата на човековите права, што пак би поставило основа за делотворни и успешни процедури кои би ја зајакнале трансформативната и демократизирачка улога на Уставниот суд на Република Македонија“ објасни денеска Др. Марија Ристеска.
На настанот како говорници настапија и проф.- др. Гордана Силјановска Давкова од Правниот факултет „Јустенијан I„ при УКИМ и судијката Маргарита Цаца-Николовска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права и сегашна судијка во Уставниот суд на Босна и Херцеговина. Силјановска Давкова порача дека Уставниот суд треба да ја потврди и оправда својата улога на бранител на Уставот и и уставниот поредок, додека пак Цаца-Николовска се фокусираше на фактот дека уставните судии мора да бидат личности кои најдобро го познаваат правото во државата и ќе се фокусираат единствено на уставно-правни прашања.
REFORMS OF THE CONSTITUTIONAL COURT, BUT IN EUROPEAN MANNER AND THROUGH EXPERT DEBATE
Reforming the procedure of appointing judges, a special law that would regulate the judges’ status, basic conditions for initiating proceedings in front the Constitutional Court and the legal effect of its decisions as well as introduction of constitutional complaint are only segments of the recommendations by the Center for Research and Policy Making noted in the latest policy paper “The (Non) transformative role of the Constitutional Court of Macedonia”. The paper that was presented today, it is within the framework of “Courts as Policy-Makers?: Examining the Role of Constitutional Courts as Agents of Change in the Western Balkans” project, funded by the Regional Research Promotion Program in the Western Balkans by the Swiss Agency for Cooperation and Development. The authors PhD Marija Risteska and MA Emil Shurkov explained that swift and decisive reforms may harm Court’s role as a stabilizer and it can cause risk in the overall judicial system. They are not supportive about the requests for revolutionary changes, but insist on intensive and vocal academic and public discussion on the necessary reform in order for the Constitutional Court to preserve its strongest feature – defender of the constitutional order.
“This reform would comprehend legislative reforms, adoption of the Law on Constitutional Court, better regulation of the scope of protection of human rights, which would install the basis for effective and successful procedures that would strengthen the transformative and democratizing role of the Constitutional Court in Republic of Macedonia “explained PhD Marija Risteska.
As speakers were also invited PhD Gordana Siljanovska Davkova from Faculty of Law “Iustinianus I” from the Ss. Cyril and Methodius State University and Judge Margarita Caca Nikoloska, former judge at the European Court of Human Rights and current judge in the Constitutional Court of Bosnia and Herzegovina. Siljanovska Davkova said that the Constitutional Court should verify and justify its role as a defender of the Constitution and the constitutional order, while Caca Nikolovska focused on the fact that the constitutional judges must be persons who know the best of the law in the country and will focus only on constitutional related issues.