Повик за прибирање пријави за обуки за зајакнување на капацитетите за родово одговорно буџетирање

Share This Post

Опис на програмата:

Мрежата за родово одговорно буџетирање (МРОБ) со задоволство го објавува повикот за прибирање пријави од страна на граѓанските организации (ГО) заинтересирани за бесплатна почетна или напредна обука за алатки за родово одговорно буџетирање (РОБ). По ваквата интерактивна обука, граѓанските организации ќе се здобијат со право да се пријават за грант со цел истражување и изработка на извештаи за родово одговорно буџетирање и проценки на постоечките родово – буџетските политики, со соодветна поддршка од стручњаци за родово одговорно буџетирање. Краткиот концепт за пријавување за грантовите е во прилог на Анекс 2. Само обучените организации ќе бидат поканети да се пријават за грантирање.

Кој може да се пријави:

Мрежата за родово одговорно буџетирање особено ги охрабрува да се пријават:

  1. Женските организации – организации кои работат на почитување, промоција и заштита на правата на жените и работат на застапување за женски права, како и оние кои работат со жени како крајни корисници од ранливи категории, како на пример жени од селски средини, жени со посебни потреби, сиромашни жени, самохрани мајки, жени од различни етнички групи, жени од сексуални малцинства и др.
  2. Тинк-тенкови – организации кои работат на истражување и анализа на јавни политики, особено оние кои работат на неопходните реформи за пристапување во ЕУ, образование, политиките поврзани со старите лица, младите, јавната администрација и др .
  3. ГО кои работат на јавните финансии (прашања поврзани со буџетот или јавните набавки) – постапување со јавни финансии, надзор на буџетот, надзор на јавните набавки.

Постапка:

МРОБ, во соработка со заинтересираните организации, ќе работи во пет фази и тоа:

Фаза 1 – Пријава за учество во тренинг програмата (пополнете го и испратете го Анекс 1);

Фаза 2 – Зајакнување на капацитети преку практична и интерактивна обука;

Фаза 3 – Соодветна менторска поддршка за сите учесници во обуките за подготовка на иницијативи за родово-одговорно буџетирање;

Фаза 4 – Грантови за избраните иницијативи, придружено со дополнително прилагодена менторска поддршка (ако е потребно);

Фаза 5 – Поддршка за застапување за промени засновани на иницијативите за родовo -одговорен буџет;

Критериуми за пријава:

  1. Да се граѓански организации – ГО регистрирани во една од седумте вклучени држави: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Молдавија, Црна Гора и Србија;
  2. По можност, но не ограничувајќи се на женски организации, тинк-тенкови и граѓански здруженија за јавни финансии;

Начин за пријавување:

МРОБ ќе прифати пријави (Анекс 1) на англиски јазик или на локален јазик, а истите треба да бидат испратени по е-пошта на gbwn@crpm.org.mk .

По доставата на пријавата, пријавените ќе добијат е-пошта за потврда со број на примена пријава.

Целата пријава може да ја спуштите тука

 

Очекуван редослед:

Објавување повик за прибирање пријави: 30.11.2019 година;

Краен рок за доставување пријави: 26 Jануари 2020 година, до 17:00 часот;

Известување до избраните организации: до 31 јануари 2020 година;

 

Временска рамка за зајакнување на капацитетите:

Напредна обука за РОБ : 3-5 Февруари, 2020 во Србија;

Родово буџетирање за јавни набавки / budget watchdog организации: 27-30 Април, 2020 во БиХ;

Воведна обука за РОБ: 18-21 Мај, 2020 во Албанија;

 

Контакт информации:

Заинтересираните може да побараат појаснување преку е-пошта на: simonovski@crpm.org.mk

 

More To Explore