Број на повик: 2841/02/23
Проект – ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ТРАНСПАРЕНТНОСТА И ОДГОВОРНОСТА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН И МОЛДАВИЈА (Мрежа за родово одговорно буџетирање”ФАЗА II)
Финансиран од: Австриската агенција за развој и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка
Имплементатори – Центар за истражување и креирање политики (С. Македонија), Центар за родова алијанса за развој (Албанија), Центар за промоција на граѓанското општество (БиХ), Мрежата на жени на Косово, Женска акција (Црна Гора), Хаб за родово знаење (Србија) и Кистон (Молдавија).
Центарот за истражување и креирање политики во рамки на Мрежата за родово одговорно буџетирање (Gender Budget Watchdog Network) објавува Повик за аплицирање за градење капацитети и суб-грантирање за родово одговорно буџетирање и финансирање во услови на кризи.
Насоки и потребни документи:
- Јавен повик за аплицирање за Градење Капацитети и Суб-грантирање за родово одговорно буџетирање и финансирање во услови на кризи
- Анекс 1 – Образец за пријавување и краток концепт за добивање грант
РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Пополнетиот формулар за апликација и концепт (Анекс 1), како и другите документи наведени во повикот треба да се достават до менаџерката за грантови на МРОБ, Елена Ацевска, на следната е-адреса: acevska@crpm.org.mk најдоцна до 07.04.2023.