Пад на буџетската транспарентност во Македонија, од 54% во 2008, на 49% во 2010 година

Share This Post

Според резултатите од светското истражување „Индекс на буџетска транспарентност“, на буџетската транспаретност во Македонија за 2010 и се дадени 49%, од можни 100% транспарентност, што земјата ја става во категоријата на земји каде Владите сепак и обезбедуваат на јавноста информации во врска со владиниот буџет и финансиските активности.

Овој резултат е повисок од просечниот резултат од сите 94 земји опфатени со истражувањето кој е 42%, но понизок од просекот на резултати од Балканските земји од кои највисока оцена има Словенија и тоа со 70% буџетска транспарентност.

Во извештајот за буџетската транспаретност се забележува дека предлог Буџетот на владата и придружните документи не се доволно јасни, не постои Пред-буџетска изјава, не постои Граѓански буџет, ниту резиме на Буџетот (најчесто се користи експозето на Министерот за финансии). Кварталниот извештај има сериозни недостатоци, а Крајниот годишен извештај е недоволно исцрпен затоа што не презентираат моментален јавен долг. Позитивните забелешки се однесуваат на сеопфатниот Ревизорски извештај, деталната Годишна сметка и сеопфатноста на донесениот буџет.

Препораките од извештајот се базираат на три клучни поенти: отпочнување со пракса на правење и циркулирање до Парламентот и јавноста на Пред-буџетска изјава и Граѓански буџет, зголемување на сеопфатноста на Владиниот предлог буџет, Кварталниот извештај и Годишниот извештај (преку вклучување на моменталниот јавен долг во буџетоти завршната сметка), како и поголемо вклучување на јавноста во буџетските расправи во Собранието.

Центарот за истражување и креирање политики е по втор пат партнер на Меѓународното буџетско партнерство во изработката на оваа студија за Република Македонија. Истражувањето се спроведува во 94 земји. Само 7 земји објавуваат детални информации во врска со буџетот, додека 40 не објавуваат значајни информации за буџетот. Без овие информации, на јавноста и надзорните институции им е тешко да ја држат владата одговорна за трошењето на јавни средства.

More To Explore