Оглас за овластен сметководител/ка/ (финансиски менаџер)

Share This Post

ЦЕНТАРОТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ -ЦИКП СКОПЈЕ-

објавува оглас за

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ/КА/ (ФИНАНСИСКИ МЕНАЏЕР)

Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: crpm@crpm.org.mk, со назнака: “Оглас за сметководител/ка”. Огласот е активен 10 дена од денот на објавувањето.
Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:

ВСС – Економски факултет;
Поседување на сертификат/лиценца за овластен сметководител/ка
Напредно познавање на MS Office;
Најмалку 2 години искуство во областа на сметководството (искуство во водење на сметководство на непрофитни организации ќе се смета за предност)
Искуство во финансиско работење на проекти финансирани од ЕУ ќе се смета за предност
Одлични вештини на комуникација, пишана и вербална;
Одлично познавање на англискиот јазик (чита, пишува, говори);
Систематичност, организираност и иницијативност;
Флексибилност и насоченост кон изнаоѓање на решенија;

Одговорности и работни задачи:
Одговорен/а за обезбедување на усогласеност од правен, даночен и регулаторен аспект во доменот на сметководственото работење;
Одговорен/а да осигура навременост, точност и корисност на даночните пријави, како и на Годишната завршна сметка;
Одговорен/а за планирање на функционирањето на сметководствениот систем и кои правила (процедури) ќе бидат применети;
Одговорен/а за примена на правилата за финансиско работење на донаторите со кои ЦИКП има склучено договор;
Одговорен/а за комуникација со државните органи, консултантски агенции, финансиски менаџери на донаторски агенции;
Одговорен/а за управување на сметките за побарувањата и обврските;
Одговорен/а за дневна контрола на книжењето на трансакциите;
Одговорен/а за пресметка и исплата на плати, даноци и придонеси, како и други примања на вработените;
Одговорен/а за финансиско известување кон донатори;
Одговорен/а за комплетноста и точноста на подготвените извештаи и податоци;
Книжење во книговодство, на уплати и исплати, пресметки од камати, фактури, испратници, приемници, книжни одобренија и задолженија итн.,  како и контрола на аналитички картици;
Креирање на фактури и други финансиски документи;
Изработување и испраќање извештаи за извршени уплати од страна на донатори;
Водење на материјално книговодство;
Водење на архива;
Вршење на неопходни пресметки;
Вршење на други сметководствени и книговодствени задачи;

Што нудиме?

Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим

Континуирана обука и можност за напредување

Основна нето месечна плата во износ од 20.000 денари

Работно време од понеделник – петок (09.00 – 17:00 часот) со можност за флексибилно работно време

Неделното работно време е 40 часа

Во управувањето на човечките ресурси ЦИКП Скопје се води по принципот на еднакви можности

Општи правила за аплицирање:
Испратете CV (биографија на апликантот) и мотивациско писмо
Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП Скопје или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас.

Апликациите кои не ги исполнуваат условите од аспект на поседување на соодветно образование, работно искуство, поседување на бараните сертификати нема да бидат земени в предвид.

More To Explore