Обука за проценка на влијанието на регулативата врз родовата еднаквост

Share This Post

Успешно спроведен прв дел од дводневната обука наменета за претставници од релевантните министерства. Вториот дел од обуката ќе се спроведе во текот на утрешниот ден, а на 22 и 23 декември ќе биде спроведена и втората обука која е планирана за оваа седмица.

Обуките се спроведуваат со цел обезбедување родова сензитивност, разбирање и потребна подготвеност за целосна интеграција на родовата перспектива во законските прописи и одлуки на министерствата, како и за целосно интегрирање на родовата перспектива во организацијата и дизајнот на услугите што ги обезбедуваат министерствата, притоа доставените услуги да имаат конкретно влијание врз напредокот на жените и мажите во сите области на општествениот и јавниот живот.

Центарот за истражување и креирање политики овие обуки ги организира во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за труд и социјална политика, а со поддршка од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

More To Explore