Утврдување на улогата на државата и на приватниот, односно граѓан- скиот сектор, во процесот на испорачување социјални услуги е од особена важност за обезбедување соодветен модел на воведување, обезбедување и мониторинг на заштитата на ранливите категории граѓани во Република Македонија. Во овој контекст е важно да се посочи дека во услови на вове- дување модел на социјални договори се овозможува соодветна поделба на улогите на два чинитела; притоа секој го има приматот во своето делување, а целта е обезбедување достоен квалитет на услуга. Улогата на државата на централно и локално ниво е фокусирана на својата суштинска функција, развивање политики, воведување стандарди, обезбедување финансии и вршење надзор/контрола; додека давателите на услуги, приватно или јавно управувани, односно граѓанскиот сектор, се насочени кон испорака на услуги користејќи го потенцијалот за иновации и флексибилноста во подобрување на квалитетот на услугите.Сепак, законодавството во областа на социјалната заштита е комплекс- но, сочинето од повеќе закони и подзаконски акти. Како што е посочено во Анализата за воведување социјални договори, како и за воведување потребни стандарди за квалитет и давање дозвола за работа како даватели на услуга, потребен е меѓусекторски пристап, првенствено во делот на законодавството што треба да обезбеди децентрализација на испораката и на финанси- рањето на социјалните услуги, либерализација на „пазарот“, односно конкуренција темелена на гаранции, флексибилност и автономија, контрола на квалитетот, култура на партнерството. Оттука произлегува дека соодветната правна рамка е првиот чекор кон обезбедување услови за воведување на со- цијалните договори и притоа е утврдено дека со соодветна интервенција во Законот за социјална заштита и со воведувањето соодветна секундарна регулатива ќе се унапредат одредбите од постојната правна рамка. Граѓанските организации и другите недржавни даватели на услуги имаат важна улога во спроведувањето и во развојот на социјалните услуги. Истражу- вањето ја нагласува способноста на граѓанските организации за пофлексиби- лен и поприлагодлив пристап до специфичните потреби на корисниците, са- мостојноста, намалувањето на бирократија, а особен фокус на нивната мисија е да станат поефикасни даватели на социјалните услуги. Главен предизвик на граѓанските организации е одржливоста на услу- гите што ги даваат и финансиската зависност од донации. Со воведувањето на системот социјални договори што би „обезбедиле долгорочно стабилно финансирање на услугите, граѓанските организации би можеле да даваат многу повеќе услуги и да опфатат многу повеќе корисници” 1 . Социјалните договори би го решиле финансирањето на невладините организа- ции и директно би влијаеле на бројот и на видот услуги што се нудат на пазарот. Со нив би се зголемил и опфатот на корисници со што би се унапредил квалите- тот на живот и на корисниците на социјалната заштита и на нивните семејства. Во истражувањето беа испитувани и општата информираност, разби- рањето, ставовите, интересот и можностите на релевантните актери во однос на постојните и евентуалните идни барања за усогласување на нивната ра- бота со минимални стандарди за квалитет. Како релевантни актери, односно засегнати страни, беа идентификувани 11 даватели на социјални услуги и тоа пет државни и шест приватни. Имено, постои општо позитивно и не- двосмислено разбирање за придобивките од стандардите, а во однос на прашањето за можноста за обезбедување дополнителни финансиски сред- ства со цел воведување на стандардите, поголемиот дел од давателите на услуги, поради отсуство на дополнителни средства, дадоа негативен одговор, додека само 2 од 11 дадоа позитивен одговор. Според податоците што беа произведени и акумулирани со ова истражу- вање се дојде до заклучок дека постојат три опции за воведување социјални- те договори, со свои карактеристични предности, слабости, можности и зака- ни, и тоа: (1) усвојување на нов Закон за социјална заштита; (2) промена на Законот за социјална заштита и воведување на социјални договори; (3) операционализација на институцијата управен договор. Социјалните договори се сметаат за прогресивен систем за градење долгорочни јавно-приватни партнерства и ќе овозможат целосно спроведу- вање на деинституционализацијата во системот на социјална заштита во Ре- публика Македонија. Социјалните договори се главниот инструмент за оства- рување на плурализмот во доставувањето на социјалните услуги, со учество на невладините, приватните и религиозните организации како даватели; ќе обезбедат разнообразност на услугите во однос на видот и местото на дос- тавување, а со тоа ќе влијаат на рамномерен регионален развој и поголема еднаквост. Системот на социјално договарање ќе овозможи долгорочно и одржли- во финансирање на социјалните услуги доставувани од граѓанските органи- зации. Исто така, ќе влијае на иновациите и ќе зголеми локално доставување на услугите онаму каде што е потребно. Може да има влијание и на развојот на социјално претприемништво, како и на намалување на внатрешните миг- рации. Конечно, социјалното договарање и доставувањето на услугата од по- веќе даватели на услуги овозможува поголема конкуренција, а тоа посредно придонесува за квалитетот на услугата.
За да се воведе системот социјално договарање неопходно е да се утвр- дат цените на социјалните услуги, да се утврдат критериумите и стандардите за доставување на услугите, како и критериумите и стандардите за управу- вање со давателите на услугите. Како резултат на сето тоа ќе се обезбедат квалитетни услуги. Притоа, постои општо позитивно и недвосмислено разби- рање за придобивките од стандардите, кои се препознаваат како однапред организирани чекори по кои треба да помине давателот на услугата со цел таа да биде квалитетно и навремено испорачана. Проценката на подготвеноста за нивно спроведување покажа високо ниво на остварливост, доколку за таа цел бидат издвоени соодветни финансиски средства. Понатамошниот текст подетално ја разгледува проценката на влијание- то на регулативата во Република Македонија од воведувањето модел на со- цијални договори, односно, социјално договарање.
Пррочитајте повече тука: https://crpm.org.mk/wp-content/uploads/2017/10/web-ria.analizi.mk_.pdf