ЛОТОС – за потранспарентни општини

Share This Post

Здружението за Локален Рурален Развој (ЗЛРР), како партнер на (ЦИКП) Центар за Истражување и креирање политики е во фаза на имплеметирање на истражувањето ЛОТОС, дел од проектот „Размена на најдобри ЕУ практики за следење на антикоруптивни мерки на локално ниво“, чија што главна цел е намалување на антикорупцијата на локално ниво. Проектот е финансиран од страна на Европската комисија во траење од 18 месеци, а ќе заврши во јуни 2015.

ЗЛРР работи во пет општини во Полошкиот регион: Општина Тетово, Гостивар, Брвеница, Боговиње и Врапчиште.
Потешкотии во комуникацијата и одговори од страна на општините имаше од почеток, после ипратените прашалници и дадениот рок, неколку од општините не одговорија на време додека од останатите ги добивме пополнетите прашалници. 

При посетите на терен и следење на веб страните, се подобрува првиот впечаток за голем дел од општините, во насока на административно работење и однос со жителите.
Веб страните, генерално се одржуваат и се поставуваат информации за работата на општините, но има и случај на нефунксионирање на целата веб страна на одредена општина.

Истражувањето ке трае до крај на октомври и сите податоци се внесуваат на онлјан софтвер, направен за пректот „Размена на најдобри ЕУ практики за следење на антикоруптивни мерки на локално ниво“, потоа прелиминарните резултати ке се испратат на увид до сите општини вклучени  во истражувањето ЛОТОС , за да можат истите да даваат фидбек до проектниот тим.

Автор: Рудина Пашоли