Истражување на ЦИКП Скопје: отворени податоци

Share This Post

Центарот за истражување и креирање политики од Скопје во рамките на проектот Застапување за отворена влада: право да знаеш во Југоисточна Европа спроведе истражување на репрезентативен примерок од 1100 испитаници за да ги спознае перцепциите на граѓаните за транспарентноста, партиципативноста, отчетноста на власта (централна и локална) во Република Македонија.

Од 2006 година па наваму, процентот на користење интернет во Македонија е во постојан раст и во 2012 година тој достигна 56,7%. Отвореноста на владата се оценува и од аспект на тоа дали истата се користи со отворени податоци и интернет. Скоро сите локални самоуправи имаат веб страна затоа со анкетата истраживме колку истите се користат.

 

Резултатите се следни:

  • Најголем дел од испитаниците 85,4%одговоријадека не ги користат општинските веб страници.
     
  • Најголем дел од оние кои одговорија дека ги користат општинските веб страници (14,6%), тоа го прават за да ги следат програмите и настаните во нивната општина, помал дел за да ги следат одлуките на Советот наопштината и извештаите од состаноците(6% некогаш, а 2% често ја користат веб страната на општината за оваа цел)
     
  • Уште помал дел граѓани ја користат веб страницата за да ја држат локалната самоуправа одговорна за своите постапки. На пример за да комуницираат со советникот(6,4%)или да пратат поплака или коментар(5,2%).
     
  • Само 6% од испитаниците кои одоговрија дека ги посетуваат општинските веб страници за да поднесат документација до општината преку електронски пат за добивање на одредена услуга или остварување на определено право, а 5,1% да ги превземат решенијата и одлукитеза нивните барања/апликации во електронска форма.

За дополнителни информации контакт лице:

Др. Марија Ристеска

risteska@crpm.org.mk;

Cell: 070533992


 

PROJECT PARTNERS

 


 

 

 

THIS PROJECT IS FUNDED BY THE EUROPEAN UNION

 

 

  

More To Explore