За повеќето од една третина на граѓаните на Република Македонија (37 %) што се обложуваат во спортските обложувалници ширум земјата главна цел е добивката (72%), па личната забава (20%). Ова го покажа анкетата спроведена од Центарот за истражување и креирање политики за време на светското првенство. Истражувањето се реализираше во јуни 2006 година, врз основа на примерок од 1100 испитаници кои се „кладат„ во спортски обложувалници. Други поинтересните резултати на истражувањето се следниве:

  • Главната цел      на обложувачите е евентуалната добивка (72%), забавата е на второ место      (20%), и на крај дружењето и социјализација (4%). Евентуалната добивка е      цел и на обложувачите што играат на ситно уплаќајќи до 1000 денари (75% од      нив), и тие што играат за високи суми со уплати над 13000 денари (77% од      нив) како и кај граѓаните кои во просек уплаќаат суми помеѓу овие.
  • Дел од      граѓаните што се „кладат„ во спортски обложувалници си ја пробуваат      среќата и во казино (5%), играат бинго (25%) и лотарија (26%) Кај      обложувачите 85% живеат со семејство а 63% се вработени. По степен на      образование најмногубројни обложувачи се тие со средно образование (69%),      па со високо 22%, и без образование или со основно 10%. Кај обложувачите      доминираат Македонците (71%) следени од Албанците (25%) и Турците (3%).
  • Дури 73,5%      од граѓаните со примања пониски од просечните се обложуваат во спортски      „кладилници.„ и тоа 29% од обложувачите се изјасниле дека немаат примања,      16% имаат до 6000 денари, 29% имаат 6000-11000, а 15% се изјасниле дека      имаат просечни примања (11000-15000 денари), 5% се со 15000-25000 и 7% со      над 25000 денари.
  • На прашањето      колку денари месечно вложувате 40% објасниле дека се обложуваат за помалку      од 1000 денари, 33% за 1000 до 5000 денари, 16% за 5-7000 денари, 6% за      7-13000 денари, и 3% над 13000 денари.
  • Обложувачите      посветуваат значително време на „кладење„ во текот на неделата, до 1 час      (12% од испитаните), 2-3 часа (23%), 4-6 часа (23%), 7-10 (18%), над 10      (19%).