Синдикалните организации се согласни дека процесот на хармонизација на националното законодавство со правото на ЕУ се одвива без особени пречки, но потенцираат дека загрижува тоа што законските прописи не содејствуваат со она што се случува во практиката. Од формален аспект државата врши одлична задача, но од материјален аспект, работите не се поставени онака како што би требало бидејќи прописите не се применуваат целосно.
Во инфографикот се претставени дел од наодите добиени од истражувањето кое го спроведе Центарот за истражување и креирање политики за проценка на гледиштата кои ги имаат социјалните партнери, а во рамките на проектот: „Подобрување на квалитетот и нивото на застапеност на вработените преку нивно прилагодување, вклучување и ефикасно користење на инструментот ЕРС од засегнатите страни во индустриските односи“, поддржан од Европската Унија.