Известување за медиуми бр. 2

Share This Post

ПОДАТОЦИ ОД АНКЕТА НА НАСЕЛЕНИЕ ЗА НЕПРИЈАВЕНАТА РАБОТА ВО МАКЕДОНИЈА

Во текот на месец октомври 2014 година, Центарот за истражување и креирање на политики (ЦИКП) спроведе теренска анкета на репрезентативен примерок од 1116 испитаници на територијата на Република Македонија со цел да ги утврди различните форми на скриени економски активности. Во прилог се податоците кои се однесуваат на пријавувањето работници, исплаќањето на придонеси, како и дополнителни индикатори кои укажуваат на обемот и формите на манифестирање на непријавената работа.

Непријавената работа вообичаено се манифестира преку непотпишување на договор со работникот и неисплаќање на неговото задолжително социјално осигурување. Но, може и да се манифестира преку потпишување на договор со скриени клаузули (на пр. платата наведена во договорот е на една сума, а усмено се договара дополнителна исплата во готово или пак враќање на дел од сумата на работодавецот) и следствено – неисплаќање на социјалните придонеси во висина од реалната плата…

Проектот е финансиран од Европскиот Инструмент за Демократија и Човекови Права (EIDHR)

More To Explore