Завршна средба на пилот проектот “Градење на здрави животни навики на момчињата во Гостивар и Ѓорче Петров”

Share This Post

АГЕНДА

Центарот за истражување и креирање политики организира Завршна средба на пилот проектот “Градење на здрави животни навики на момчињата во Гостивар и Ѓорче Петров”.

Средбата ќе се одржи на 21 јуни (среда), со почеток во 12:00 часот, во хотелот DoubleTree By Hilton Skopje.

Целта на настанот е да ги промовираме постигнатите резултати, да зборуваме за искуствата кои ги стекнавме во текот на спроведувањето, партнерствата кои ги развивме, како и да поттикнеме поширока дискусија за потребата од различни пристапи при работата со младите луѓе во иднина.

Поради ограничениот просторен капацитет, ве молиме навремено да го најавите вашето присуство на следната е-пошта varoshlija@crpm.org.mk, најдоцна до 16.06.2023.

 

More To Explore