Експертска дискусија на тема „Застапеноста на говорот на омраза врз основа на род и пол во средните училишта и како да се спречи?“

Share This Post

На 21.01.2022, Центарот за истражување и креирање политики и Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје организираа експертска дискусија на тема „Застапеноста на говорот на омраза врз основа на род и пол во средните училишта и како да се спречи?“
На оваа дискусија беа презентирани наодите од истражувањето коешто беше спроведено во средните училишта во С. Македонија во септември и декември 2021 година од страна на ЦИКП, а во склоп на заедничкиот проект на ЕУ и Совет на Европа „Промоција на разноликоста и еднаквоста во С. Македонија“ во рамки на програмата Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција II, финансиски поддржан од Европска Унија и Совет на Европа

Целта на истражувањето е да придонесе кон изготвување на препораки за јавни политики и механизми во насока на спречување на говорот на омраза врз основа на род и пол во средните училишта во С. Македонија, а врз основа на аргументи добиени од одговорите на следниве клучни прашања:
• Колку се средношколците запознаени со значењето и го препознаваат говорот на омраза и последиците од истиот?;
• Колку и во кои форми е застапен говорот на омраза помеѓу средношколците?;
• Кон кого е насочен говорот на омраза помеѓу средношколците? (момчињата, девојчињата, лицата со различни родови идентитети);
• На кој начин средношколците се справуваат со говорот на омраза и какви чувства им предизвикува.

По презентирање на наодите, учесниците имаа можност да дадат свое мислење и препорака за резултатите како и препораки за развивање на механизми и политики за спречување на говорот на омраза врз основа на род и пол во рамки на училиштата.

 

За повеќе информации од истражувањето кликнете на следниов линк.

More To Explore