
- Заедно со колегите од граѓанскиот сектор, дел од организациите-членки на Платформата за родова еднаквост, ја истакнавме потребата од инкриминирање на психолошкото насилство како засебно кривично дело како и гонењето по службена должност кога станува збор за телесна повреда врз жена.
- Дополнително предложивме регулирање на сексуалната изнуда како форма на корупција, но и родово базирано насилство насочено кон жените.
- Пред пратеничките и пратениците побаравме поширока и транспарентна јавна расправа како и навремено изгласување на измените на Кривичниот законик.

Погледнете го обраќањето на извршната директорка на ЦИКП д-р Марија Ристеска, која беше дел од работната група која што работеше на измените на Кривичниот законик на следниот линк.
