Јавна дебата на тема „Климатските промени, животната средина и родовата перспектива” во општина Струга

Share This Post

На 21.02.2023 во Општина Струга нашите проектни партнери Новинари за човекови права и локалните подгрантисти Зелен Институт ја реализираа јавната дебата на тема „Климатските промени, животната средина и родовата перспектива” во општина Струга.

  • Координаторката за еднакви можности во општина Струга г-ѓa Сервер Шашко, истакна дека едукацијата на општинскиот персонал со процесот на родово-одговорно буџетирање е клучна за да може да се применува во сите програми кои ги усвојува општината, но и во сите други активности.
  • Претседателка на Зелениот институт г-ѓa Наташа Амдију се осврна на целите на проектот „Родова зелена лупа“ кој го имплементираат во рамки на програмата за подгрантисти на проектот „Низ женски леќи“, посочувајќи дека целта е со примена на родовиот аспект во рамки на програмата за животна средина да се постигнат догорочни позитивни ефекти за сите граѓани.
  • Како што посочи г-ѓa Елена Грозданова од Министерство за труд и социјална политика, покрај важноста на родовиот пристап во креирањето политики за животната средина каде жените се особено погодени со климатските промени, многу е важно да се посвети внимание и на едукацијата на граѓаните, за што се достапни бројни национални програми и документи, но се достапни и бројни меѓународни фондови бидејќи е важно да се вклучат жените и девојките во процесите на справување со климатските промени и креирањето на политики на локално ниво.
  • Според г-ѓa Лилјана Поповска – член на Управниот одбор на Зелениот институт, потребно е да се работи и на нова стратегија за иден развој на општината бидејќи последната е од 2007 година, а притоа да се имаат предвид и родовите аспекти, и секако од она што е предложено како приоритети во доменот на животна средина на форумот на заедница, да се размислува за родовиот аспект и воедно можноста за креирање на зелени бизниси од кои би имале посебен бенефит жените на локално ниво.

Присутните беа согласни дека програмата за животна средина треба да биде појасно конципирана со назнаки за секторските поврзаности со цел поуспешна имплементација и увид во спроведување на целите, а посебно беа посочени областите на хигиена, паркови и зеленило, вода, отпад и слично кои во голем дел имаат поврзаност на животна средина со секторот урбанизам.

Јавните дебати се организираат во рамки на проектот “Низ Женски Леќи” кој е финансиски поддржан од Европската Унија. Ставовите и гледиштата искажани на дебатите се единствена одговорност на имплементаторите на проектот и во ниеден поглед не ги искажуваат ставовите на Европската Унија.

More To Explore

Activities

Call for Mentors | GBWN

Gender Budget Watchdog Network is looking for 5 mentors to guide and support