Во моментов Кривичниот законик го криминализира САМО силувањето како посебно кривично дело.
Бараме криминализирање на СИТЕ форми на насилство врз жените со што сторителите ќе сносат кривична одговорност за вршење на:
👉 Психичко насилство
👉 Демнење
👉 Физичко насилство
👉 Сексуално насилство и силување
👉 Присилни бракови
👉 Женско генитално осакатување
👉 Присилен абортус и присилна стерилизација
👉 Сексуално вознемирување
Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „Застапување и дијалог на експертско ниво со владата и парламентот за измена на постоечкото законодавство во областа на родово базирано насилство и дискриминација“, кој се спроведува во партнерство со UN Women Skopje, а е финансиски поддржан од Европската Унија. Проектот го спроведува Центарот за истражување и креирање политики низ партнерство со Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.