ЦИКП на завршниот настан во рамките на проектот „Неискористен потенцијал за развој: Зголемување на пристапот на жените до вработување“

0
79

Денес во Приштина се одржува завршниот настан во рамките на проектот „Неискористен потенцијал за развој: Зголемување на пристапот на жените до вработување“, имплементиран од Democracy for Development (D4D), со поддршка од Норвешката амбасада во Приштина. На настанот ги презентиравме главните наоди од спроведеното истражување во земјите од регионот.


Во своето излагање, Kristijan Trajkovski од Центарот за истражување и креирање политики потенцираше дека 🇲🇰Македонија прави напори за постигнување 🚻родова еднаквост, но сѐ уште владеат традиционалните родови улоги.

  • На жените најчесто им се наметнуваат домашните обврски и грижата кон децата и повозрасните, со што директно се влијае врз намалување на можностите за професионален развој и стекнување вештини кои ќе ги направат конкурентни на пазарот на трудот.
  • Трајковски посочи дека, иако работното законодавство има воспоставено механизми за еднаков третман за жените и мажите, сепак недостасува нивна соодветна примена и зголемена контрола од страна на надлежните инспекциски тела.
  • Правната рамка може да се подобри со реформа на родителското отсуство, како и со воведување флексибилност во уредувањето на работното време на жените што ќе придонесе кон подобро усогласување на приватниот и професионалниот живот.