ЦИКП достави препораки за намалување на аерозагадувањето преку зголемување на урбаната мобилност кај граѓаните во Општина Аеродром

0
129

На денешната средба со градоначалникот на Општина Аеродром, г-дин Тимчо Муцунски, ги дискутиравме потребите на граѓаните од општината за унапредување на нивната урбана мобилност.

Ги доставивме Препораките за намалување на аерозагадувањето преку зголемување на урбаната мобилност кај граѓаните во Општина Аеродром, кои се поделени на:
➡ инфраструктурни;
➡ граѓанско учество;
➡ безбедност;
➡ зголемување на свеста.
Истите ќе бидат земени предвид при креирањето на буџетот на Општина Аеродром за 2023 година, како и при креирањето на други релевантни политики.

Нашата соработка со Општина Аеродром продолжува и понатаму!

Активноста е резултат на проектот „Здрави навики за здрава околина“, поддржан од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП).