Студиска посета во Хрватска во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите на неслужбената Зелена собраниска група во ЈИЕ околу усогласеноста со целите на ЕУ поврзани со енергијата и транспортот“

0
68
Во периодот 26-27 април оваа година во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите на неслужбената Зелена собраниска група во ЈИЕ околу усогласеноста со целите на ЕУ поврзани со енергијата и транспортот“, финансиски потпомогнат од проектот Energy, Transport and Climate Protection in South-East Europe на Deutsche Gesellschaft für Intenationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH, а по налог на Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (БМЗ), претставници на ЦИКП, а во придружба на пратеничките Маја Морачанин и Олга Лозановска, како и секретарот на Комисијата за економски прашања Драган Пулевски, присуствуваа во студиска посета во Хрватска. За време на посетата, учесниците се запознаа со т.н. Зелената канцеларија на Кабинетот на претседателот на Република Хрватска, а стекнаа знаења и околу низа проекти кои ги спроведува Хрватска во делот на животната средина. Дополнително, учесниците добија и продлабочени знаења околу напорите за спроведување ена Зелената агенда за Западен Балкан. Во рамки на посетата, го посетивме и хрватскиот Сабор, односно матичното тело за животна средина и природна конзервација, Регионалната енергетска агенција за северо-западна Хрватска која работи во дворецот Брачак како засебна енергетска заедница, фотоволтаичната поставка во болницата Забок, како и прием во Советот на Град Загреб околу нивните напори и решенија за енергетски и сообраќајно оддржлива престолнина.

In the period 26-27 April this year within the project “Capacity development of the Informal Green Parliamentary Group in SEE on EU-complaint energy and transport goals”, financially supported by the project Energy, Transport and Climate Protection in South-East Europe of the Deutsche Gesellschaft für Intenationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH, on behalf of the German Federal Ministry for Economic Cooperation and Development (BMZ), representatives of CRPM, accompanied by MPs Maja Moracanin and Olga Lozanovska, as well as The Committee on Economic Affairs, Dragan Pulevski, conducted a study visit to Croatia. During the visit, the participants got acquainted with the so-called The Green Office of the Cabinet of the President of the Republic of Croatia, and gained knowledge about a number of projects implemented by Croatia in the field of environment. In addition, participants gained in-depth knowledge about the efforts to implement a Green Agenda for the Western Balkans. During the visit, we also visited the Comitteee on Environment and Nature Conservation in the Croatian Parliament, Regional Energy Agency of Northwest Croatia the Bracak Palace which now operates as a separate energy community in the Bracak castel, the photovoltaic installation at the Zabok Hospital, as well as a reception at the Zagreb City Council about their efforts and solutions for an energy and traffic-sustainable capital.