Во хотел Александар II во Скопје организиравме стручна дебата со клучни експерти од областа на кривичното право во врска со измените на Кривичниот законик согласно Истанбулската конвенција (ИК). Поконкретно, се осврнавме на одмерувањето на казни за кривични дела опфатени со ИК, концептот на отсуство на согласност за кривично дело силување наспроти присила како и на почитувањето на привремените мерки изречени од страна на судот. Заклучоците и препораките од оваа стручна дискусија ќе бидат проследени до работната група за измени на КЗ при Министерстово за правда.
Стручната дебата е во рамки на проектот за имплементација на ИК финансиран од UNWOMEN.