Стопанска банка – На ваша страна не се штеди. Минатата седмица како дел од тековните активости од проектот „Смарт Старт“, се одржа првата менторска средба помеѓу ХубИТ и претставнички од банката. Ратка Тирицовска и Зорица Бундалевска од одделот на маркетинг и односи со јавноста им посакаа успешен старт на Магдалена Димкова Велевска и Филип Наков. Магдалена и Филип ќе работата на тестирање на интернет страниците на големите компании за тоа дали и колку се пристапни за лица со одредена попреченост, а на овие наши сограѓани ќе им понудат и обуки за користење компјутери. Тирицовска и Бундалевска првично им ветија помош во изработката на пакетот услуги кои ќе ги нуди ХубИТ, а во првата фаза изразија и подготвеност да им помогнат и околу брендирањето и промоцијата на ова социјално претпријатие.
Стопанска банка – На ваша страна навистина го заслужува епитетот #Добарбренд.

Blog
Blog post: Adapting to the Aftermath of the 2025 U.S. Tariffs
As a member of the Global Trade and Innovation Policy