Работилницата во Битола – можност за свежи идеи и предлози за подобрување на локалните платформи за акција

Share This Post

 Активностите поврзани со проектот „Иницијатива за јакнење на јавниот дијалог за одржливо користење на енергијата“ продолжуваат со несмалено темпо.Кон средината на овој месец се одржа работилница во Битола која преставува завршница на веќе одржаните два тренинга на кои преставниците од општините, активистите од граѓанскиот сектор, новинарите како и преставници од локалното стопанство, месните заедници и училиштата од реонoт на Битола и Кичево добија продлабочени знаења околу енергетската ефикасност и рационалното користење енергија.

 

 

 

За време на работилницата, на присутните им беа предочени уште неколку практични примери и најдобри практики за тоа како може да се намалат трошоците за енергија, а притоа да се зачува па дури и подобри постоечкиот комфорт во управните објекти, училиштата и живеалиштата. Но сепак, главен акцент беше ставен на локалните платфoрми за акција кои ќе послужат како патоказ за надминување на веќе детектираните слабости поврзани со одржливото користење на енергијата помеѓу сите чинители во Битола и Кичево.   Имено, во истржувањето кое во текот на следната година и официјално ќе биде објавено, тимот истражувачи забележа дека домаќинствата во овој дел од републиката не се доволно запознати со концептот на енергетска ефикасноcт, а слабата куповна моќ е главна пречка за подобрување на енергетските карактеристики на нивните домови кои и онака се во релативно лоша состојба. Повеќе од половината испитаници живеат во живеалишта без соодветна изоlација на фасадата или покривите, а поставеноста на сончевите колектори за добивање топла вода е исклучително ниска. Дополнително, граѓаните од Битола и Кичево не се запознати со т.н. „енергетска класа на производите“ што секако упатува на потребата од подобрување не нивото на свест и информираност за овие теми. Што се однесува до компаниите кои делуваaт во реонот на Кичево и Битола, главна пречка за подобрување на енергетските перформанси на производствените и работни погони се секако финасиите, но и тука проблем преставува недостигот од поголема свест кога станува збор за постапувањето и користењето на енергијата. Имено, половина од испитаниците не водат евиденција на месечно или годишно ниво колку енергија се троши во нивните фирми, ниту пак имаат ангажирано посебно лице кое би ја следело потрошувачката. Што се однесува пак до преставниците од НВО секторот, проблем за нив е немањето доволно познавање за оваа тема како и потребата од обуки за подготвување проектни апликации за ЕУ повици и фондови. Од друга страна пак, новинарите и дописниците кои известуваат од регионот на Битола и Кичево сметаат дека просторот за известување за ваквите теми е премногу стеснет, пред сѐ поради интензитетот со кои се известува за политички настани во информативните појаси или гласила.  Кога сме кај општинските службенци кои работат на ова поле, проблем за нив преставуваат органичувањата во општинските буџети за нови инвестиции на ова поле, набиената работна агенда како и немањето општински програми за енергетска ефикасност. И градоначалниците на овие две општини признаваат дека има низа предизвици како што се ограничените средства и потреба од поинтензивно спорведување на националните стратегии, но исто така бараат и поголем број структурни фондови со кои ќе се динамизира темпото на инвестиции и реновирање.  Токму овие проблеми како и решенијата за нив се дел од локалните платфoрми за акција кои се дискутираа за време на работилницата. Присутните изнесоа повеќе сугестии за нивно подобрување. Платформите се се уште во работна верзија, а се очекува да бидат промовирани кон крајот на пролетта придружени со уште една регионлна платформа која ќе се однесува за пограничниот регион со што ќе се понуди опфатен систем на решенија. Следната активност во рамкте на овој проект е регионална конференција која ќе се одржи во Корча, Р. Албанија, кон крајот на месец Јануари или почетокот на Февруари 2015 година.

 

 

 

 


 

The workshop in Bitola – opportunity for fresh ideas and proposals for improvement of the Local Platforms for Action

The activities related to the project “Initiative to Enhance Public Dialogue on Sustainable Use of Energy” continue unabated. In the middle of this month, a workshop in Bitola was organized as a conclusion to the already implemented two trainings which were attended by representatives of municipalities, civil society activists, journalists and representatives of the local economy, local communities and local schools from Bitola and Kicevo where they got profound knowledge about energy efficiency and the rational use of energy.         

 

 

 

                                    During the workshop, the participants were acquainted with several practical examples and best practices how to reduce energy costs, and thereby to preserve and even improve the existing comfort in administrative buildings, schools and houses. However, the main emphasis was placed on Local Platforms for Action that will serve as a roadmap to overcome already detected  weaknesses related to sustainable use of energy among all stakeholders in Bitola and Kicevo. Namely, the research results which will be officially presented during the next year, note that households in this part of the country are not sufficiently familiar with the concept of energy efficiency, whereas the low purchasing power is a major obstacle for improving the energy performances of their homes which are in relatively poor condition. More than half responders live in homes without proper facade or roof insolation, whereas the installation of solar collectors for hot water is extremely low. In addition, citizens of Bitola and Kicevo are not familiar with the so called “Energy Label” which of course refers to the need to improve the level of awareness about these issues. When it comes to the companies which operate in the regions of Bitola and Kicevo, a major obstacle for improving energy performance of the manufacturing and operating facilities is the lack of finances, but additional problem is the deficiency оf awareness when it comes to managing and use оf energy. Namely, half of respondents do not keep records on monthly or annually period about the amount of consumed energy is in their companies, nor have hired a special person would follow this issue. As far as the NGO representatives, а problem is the lack of knowledge on this topic and the need for training for drafting project applications for EU funds and calls. On the other hand, journalists and correspondents reporting from the regions of Bitola and Kicevo consider that the number of news and reports on these topics is too small primarily because of the high intensity of reporting about political events in newspapers or electronic media.  Speaking about municipal officials who work in this field, the biggest problem for them are the constraints of municipal budgets for new investments in this domain, piling work agenda and lack of Municipal Energy Efficiency Programs. The mayors of these two municipalities also recognize that there are range of challenges such as limited finances; they also ask for more intensive implementation of national strategic documents, but also more available structural funds that will intensify the tempo of investments and renovations. All these problems as well as appropriate solutions are part of the Local Platforms for Action discussed during the workshop, whereas the participants presented several suggestions for their improvement. The platforms are still in the draft version and it is expected to be promoted in early spring next year accompanied by another Regionlna Platform that will apply for the cross-border region. In this way, systematic scheme of solutions will be offer to the relevant stakeholders. The following activitiy within this project is a regional conference that will be held in Korca, R. Albania, at the end of January or beginning of February 2015.

 

More To Explore