Промовиран Прирачникот за проценка на влијанието на регулативата врз родовата еднаквост

0
819

Минатата недела го промовиравме Прирачникот за проценка на влијанието на регулативата врз родовата еднаквост со поддршка на OSCE Mission to Skopje.


Прирачникот дава основни информации и практични насоки за тоа како може да се процени влијанието на одлуката / регулативата донесена на централно ниво врз родовата еднаквост. Прирачникот има за цел на едноставен начин да ја објасни постапката и чекорите во вршење на проценката на влијанието на регулативата врз родовата еднаквост.


Прирачникот е наменет на сите вработени во државната администрација кои работат на изготвување и спроведување политики на централно и локално ниво, со цел да се обезбеди родова сензитивност, разбирање и потребната подготвеност за целосна интеграција на родовата перспектива во законските регулативи и одлуки на Владата и локалната самоуправа.