Претставени активностите на зелената парламентарна група кои се спроведуваа во текот на изминатите две години

Share This Post

Од школата за јавни политики „Мајка Тереза„ ги презентираме активностите на зелената парламентарна група кои се спроведуваа во текот на 2021 и 2022 година, во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите на неслужбената Зелена собраниска група во ЈИЕ околу усогласеноста со целите на ЕУ поврзани со енергијата и транспортот“, финансиски потпомогнат од Energy, Transport and Climate Protection in South-East Europe при Deutsche Gessellschaft fuer Internationale Zusammenarbeit GmbH (GIZ).

Со задоволство можеме да се пофалиме дека зелената собраниска група од Македонија е помеѓу најактивните и горди сме што влијаеме на зголемување на бројот на зелени прашања кои се адресираат на собраниските расправи. Македонија се обврза да чекори кон правична зелена транзиција и постави амбициозни цели на Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации (COP26) во однос на намалувањето на стакленичките гасови и ние ќе продолжиме да ја поддржуваме зелената парламентарна група и понатаму да лобира за воведување климатско позитивни политики.

Стратешки ги планираме идните чекори кои ќе ги преземеме во земјите од западен Балкан во соработка со школите за јавни политики при Советот на Европа и обединeто ќе ги адресираме прашањата за енергетиката, климатските промени, циркуларната економија и урбаната мобилност.

More To Explore

Activities

Call for Mentors | GBWN

Gender Budget Watchdog Network is looking for 5 mentors to guide and support