На денешната средба помеѓу Добриот бренд #СтопанскабанкаадБитолаи социјалното претпријатие Паблик / Public кое го издава добро познатото списание Лице в лице се разменија првични информации за бизнис плановите на Паблик / Public како и сферите каде Стопанска банка а.д. Битола може да понуди помош и know how со цел зацврстување на пазарот и нивно етаблирање. Наташа Савова, директорка за маркетинг во оваа банка и Жармена Божиновска, задолжена за финансии и маркетинг во Паблик / Public првично се договорија да се разгледаат идеите за тоа кои производи може се пласираат во следниов период, земајќи го предвид фактот дека се наближуваат новогодишните и божиќните празници. Дополнително, Савова нагласи дека тимот на Стопанска банка а.д. Битола е подготвен да помогне и во делот на маркетинг и брендирање. Следната средба е закажана за во текот на следниот месец, откако ќе банката ќе ги разгледа потребите за менторска поддршка на Паблик / Public. Колку за потсетување, Паблик / Public сакаат да ја прошират својата продажна понуда со сродни производи кои ќе го носат логото на Лице в лице како што се пенкала, бележници, маички, капи, подлошки за чаши и сл.
Latest Web posts
Повик за аплицирање за градење капацитети и суб-грантирање за родово одговорно буџетирање и финансирање...
Број на повик: 2841/02/23
Проект – ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ТРАНСПАРЕНТНОСТА И ОДГОВОРНОСТА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН И МОЛДАВИЈА (Мрежа за родово одговорно буџетирање”ФАЗА II)
Финансиран...
Учество на јавна трибина за превенција од семејно насилство
Членови на ЦИКП присуствуваа на првата трибина за превенција од семејно насилство организирана од Општина Ѓорче Петров и Националниот совет за родова рамноправност.
Целта на...
We hosted our first GBWN webinar for 2023 and here’s what we learned
We successfully hosted the webinar titled “𝐑𝐞𝐠𝐮𝐥𝐚𝐭𝐢𝐧𝐠 𝐦𝐚𝐭𝐞𝐫𝐧𝐢𝐭𝐲 𝐚𝐧𝐝 𝐩𝐚𝐭𝐞𝐫𝐧𝐢𝐭𝐲 𝐥𝐞𝐚𝐯𝐞 - 𝐈𝐧𝐟𝐥𝐮𝐞𝐧𝐜𝐞 𝐨𝐧 𝐜𝐨𝐬𝐭𝐬 𝐚𝐧𝐝 𝐜𝐡𝐚𝐧𝐠𝐢𝐧𝐠 𝐠𝐞𝐧𝐝𝐞𝐫 𝐧𝐨𝐫𝐦𝐬”, which was attended by more...
Претставени активностите на зелената парламентарна група кои се спроведуваа во текот на изминатите две...
Од школата за јавни политики „Мајка Тереза„ ги презентираме активностите на зелената парламентарна група кои се спроведуваа во текот на 2021 и 2022 година,...
Проглас за 8 Март
Ќе преживеат ли жените овде?
Да се биде жена во Македонија значи да се будиш секое утро во страв и да се прашуваш како и...