Потпишан Меморандум за соработка со Општина Гостивар

0
66
Извршната директорка на Центарот за истражување и креирање политики, д-р Марија Ристеска и Градоначалникот на Општина Гостивар, д-р Арбен Таравари потпишаа Меморандум за соработка за спроведување на проектот „Градење на здрави животни навики на момчињата во Гостивар и Ѓорче Петров“ кој се имплементира со проектните партнери CARE International Balkans.
Целта на проектот е позитивно трансформирање на однесувањето кај младите момчиња со цел градење толерантни општества и превенција на врсничкото и родово базираното насилство.
Кон оваа иницијатива ќе бидат вклучени локалната власт и локалните граѓански организации кои ќе ги мобилизираат младите на возраст од 14-19 години со цел утврдување на приоритети и вклучување во креирање локална политика за млади низ едукативни работилници и кампањи во заедницата.