ЗАВРШНА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ: “РАЗМЕНА НА НАЈДОБРИ ЕУ ПРАКТИКИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНОДАВСТВОТО ОД ОБЛАСТА НА АНТИДИСКРИМИНАЦИЈАТА”
Ни претстaвува посебна чест и задоволство да Ве поканиме на завршната прес-конференција на проектот: “Размена на најдобри ЕУ практики за имплементација на законодавството од областа на антидискриминацијата”, која ќе се одржи на 15-ти Јануари 2013, (вторник) во 11.00 часот во Инфо Центарот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Мито Хаџивасилев Јасмин 52в, Скопје.
На оваа конфернција ќе бидат презентирани резултатите од проектот и препораките кои наменети за сите државни и не-државни чинители и се насочени кон подобрување на законската и институционална рамка за заштита од дискриминација и подигнување на свеста за оваа област.
На прес-конференцијата ќе присуствува Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, аналитичари, претставници на невладини организации и новинари.