ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТИ/КОМПАНИЈА ЗА КРЕИРАЊЕ нa е-курсеви Во рамките на проектот: „Премин кон превенци

Share This Post

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТИ/КОМПАНИЈА ЗА КРЕИРАЊЕ нa е-курсеви

Во рамките на проектот: „Премин кон превенција: употреба на образованието за спречување на онлајн радикализација помеѓу младите“

(во оригинал: “Passage4prevent: use of education to prevent youth online radicalization”), финансиран од Европската Унија преку програмата Strive for Development.

 Буџетска линија: 6.2.3. Креирање на е-курсеви

 ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ

Предмет на договорот за набавка е ангажирање на надворешна експертиза за креирање на онлајн едукативни содржини, онлајн курс за безбедност на интернет составен од 8 (осум) модули – 2 курса на три јазика.

Подготовка на едукативните теми, онлајн курсеви за наставници, педагози, психолози, социјалози и за средношколци по модули ќе бидат доставени од страна на Нарачателот изработени во PowerPoint со придружно објаснение, вежби и квизови.

  1. Конкретни задачи и задолженија на експертот:
  • Прилагодување на добиените материјали и содржини за курсевите во SCORM формат со помош на Adobe captivate софтверот (ќе добие лиценцирана верзија за време на изработката на курсевите);
  • да се уредат добиените материјали со соодветни мултимедија елементи, во линија со карактеристиките на онлајн платформата
  • да се даде обука за одржување и понатамошна примена на онлајн платформата од страна на Нарачателот
  • Да ги предаде изворните фајлови (CPTX) за курсевите;
  • Комуникација и координација со проект менаџерот за задачите кои произлегуваат од повикот.
  1. Изготвување на понудите

Набавката ќе се реализира од страна на изведувач со претходно искуство во ваков тип на услуга.

Понудата треба да содржи:

  • Предлог за едукативни онлајн курсеви со вклучени карактеристики и начин на изработка, како и предлог за едитирање и подготовка на онлајн курсевите
  • Референтна листа на слични услуги реализирани од страна на понудувачот
  • Биографија (CV) на клучните лица вклучени во реализација на услугата
  • Финансиска понуда

III. ОПШТИ ПРАВИЛА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

Испратете понуда заедно со финансиска понуда (цена по курс) по електронска пошта на crpm@crpm.org.mk  и aleksandar.cekov@crpm.org.mk  со назнака Апликација за експерти/компанија за креирање на е-курсеви до 27.12.2019 година.

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП Скопје или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас.

Апликациите кои не ги исполнуваат условите од аспект на поседување на соодветно образование, работно искуство нема да бидат земени предвид. За интервју ќе бидат поканети само оние кои комисијата на ЦИКП ќе ги претселектира и стави на кратка листа на најдобри кандидати за позицијата.

ЦИКП е средина која нуди еднакви можности. Лицата од ранливи групи и жени се особено охрабрени да аплицираат.

More To Explore