ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА АНАЛИТИЧАР
(10 работни дена)
на меѓународниот проект:
„ Educate to Prevent – Strengthening Front-line School Workers and Parents to Build Youth Resilience to Violent Extremism “ –
“Образувај за да превенираш – Зајакнување на училишниот кадар и родителите за развивање отпорност кај младите кон насилниот екстремизам”
Проектот е ко-финансиран од страна на Европската Унија
Повикувачки број: Hedayah/STRIVE/2017/R2/A2/01 Буџетска линија: 6.1.2
ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ
- Конкретни задачи
Проектот спроведе истражување на перцепциите и јавното мислење на наставниците и другиот наставен кадар во 22 средни училишта. Податоците ЦИКП ги внесе во СПСС и СТАТА. На основа на дата базата на податоци проектот ги предвидува следниве задачи за Аналитичарот:
- Да направи анализа на состојбата во областа, преглед на литературата и научните истражувања во областа радикализација и насилен екстремизам, трендови и начини на справување во светот и Европа
- Да изработи преглед на состојбите на радикализација и насилен екстремизам во регионот на Западен Балкан, трендови и начини на справување со радикализација и насилен екстремизам во регионот
- Да изработи преглед на состојбите на радикализација и насилен екстремизам во Македонија, анализа на трендови
- Да подготви анализа на улогата на наставниците, наставниот кадар и училиштата во справување со насилен есктремизам и радикализација
- Да направи преглед на алатки и модели кои се употребуваат во Европа и Западен Балкан а кои ги вклучуваат наставниците и наставниот кадар во справувањето со овие феномени
- На основа на дескриптивните статистики (фрекфенции и проценти) и на основа на анализата на корелациите подготвена од ЦИКП да направи анализа и предложи модели/решенија кои може да се применат од страна на наставниците, наставниот кадар и училиштата во справување со насилен есктремизам и радикализација
- На основа на прегледот на литературата, анализата на податоците и најдобрите практики во Европа и западен балкан да предложи пристап за градење на капацитетите на наставниците, наставниот кадар и училиштата во справување со насилен есктремизам и радикализација.
- Да даде придонес кон подготовка на аналитички извештај на Англиски јазик кој ќе се однесува на:
- Нивото на свест кај наставниците, наставниот кадар и училиштата во справување со насилен есктремизам и радикализација (вклучително знаење, вредности, ставови и перцепции) за ризикот од радикализација и насилен екстремизам на ниво на општина и училиште
- Механизми кои може да се развијат на ниво на општина и/или училиште за превенција, препознавање и реакција/ справување со потенцијални случаи на радикализација и детекција на најдобра пракса од Европа и Западен Балкан во однос на овие прашања
- Политиките кои се неопходни за справување со проблемот на радикализација и насилен екстремизам (вклучително развој на знаење и вештини кај наставниците, наставниот кадар и вработените во општините преку обуки но и развој на вон-наставни материјали и механизми за рано предупредување и препраќање)
- Компетенции
- Завшено високо образование (преферирани се магистерски и/или докторски студии) во безбедносни науки или други релевантни области право, политика, психологија, социологија и сл.
- Компјутерски вештини MS Office и Internet
- Добро развиени интерперсонални и вештини за работа во тим
- Мултикултурни вредности и споспобност за приспособување за работа во мулти-етничка и меѓународна средина
- Одлично познавање (зборување и пишување) на Англиски јазик
- 3 години искуство во истражување и анализа, како и една година искуство во публикување во областа радикализација и насилен екстремизам
- Искуство надвор од регионот ќе се смета за предност
Општи правила за аплицирање:
Испратете CV (биографија на апликантот), мотивациско писмо заедно со финансиска понуда (цена по ден) по електронска пошта на crpm@crpm.org.mk и stefanovski@crpm.org.mk со назнака Апликација за Аналитичар до 04.07.2018 година.
Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП Скопје или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас.
Апликациите кои не ги исполнуваат условите од аспект на поседување на соодветно образование, работно искуство нема да бидат земени предвид. За интервју ќе бидат поканети само оние кои комисијата на ЦИКП ќе ги претселектира и стави на кратка листа на најдобри кандидати за позицијата.
ЦИКП е средина која нуди еднакви можности. Лицата од ранливи групи и жени се особено охрабрени да аплицираат.