Отворен ден за Регионална инвестициска агенда за Западен Балкан

Share This Post

 

Вчера во Скопје се одржа првиот Отворен ден за Регионална инвестициска агенда за Западен Балкан. Настанот беше организиран во рамки на регионалниот проект “Воспоставување дијалог за Регионалната инвестициска агенда меѓу владините институции, приватниот сектор и граѓанските организации (“Invigorating Policy Dialogue on RIRA – Regional Investment Reform Agenda) кој се спроведува со финансиска поддршка на Регионалниот совет за соработка (Regional Cooperation Council)”.

Целта на настанот беше да се информираат институциите, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор за Регионалната инвестициска агенда (РИРА Агенда), преку отворена дискусија да се идентификуваат предлози за унапредување на инвестициската политика и да се обезбеди вклучување на сите засегнати страни во процесот на креирање инвестициски политики на регионално и национално ниво.

На настанот, покрај организаторите, директорката на Центарот за истражување и креирање политики, д-р Марија Ристеска и потпретседателот на Сојузот на стопански комори, г.Александар Милошевски, се обратија и г. Зоран Шапуриќ, министер задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, г. Бранко Азески, потпретседател на Коморскиот инвестициски форум за Западен Балкан и д-р Ванчо Узунов од кабинетот на претседателот на Владата во својство на национален координатор за Повеќегодишниот план за воспоставување на Регионална економска област во Западен Балкан.

Во текот на следните недели РИРА Отворени денови ќе се организираат и во Тирана, Приштина, Подгорица, Сараево и Белград.

First RIRA Open Day in Skopje

The first RIRA Open Day took place in Skopje yesterday (12.09.2018). The event was organized in the framework of the regional project “Invigorating Policy Dialogue on RIRA – Regional Investment Reform Agenda, which is implemented with financial support by the Regional Cooperation Council.

The purpose of the event was to inform the institutions, the business community and the civil society about RIRA, to identify proposals for improvement in the area of investment policy through an open discussion and to include all the stakeholders in the process of investment policy creation on the regional and national level.

In addition to the organizers, the Director of the Center for Research and Policy Making, Dr. Marija Risteska and the Vice-President of the Macedonian Chambers of Commerce, Mr. Aleksandar Miloshevski, the speakers included Mr. Zoran Shapurikj, Minister responsible for the improvement of the business climate, Mr. Branko Azeski, Vice-President of the Western Balkans 6 Chambers of Investment Forum and Dr. Vancho Uzunov, from the Office of the Prime Minister in the capacity of National Coordinator for the Multi-Annual Action Plan for Regional Economic Area in the Western Balkans.

In the course of the following weeks, RIRA Open Days will be organized in Tirana, Prishtina, Podgorica, Sarajevo and Belgrade.

 

More To Explore