Оглас за вработување проектен менаџер

Share This Post

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ

за Проектен менаџер

 

  1. За нас

Основан во 2004 година, Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП Скопје работи на истражување и анализа на јавни политики, преку отварање на процесот на носење одлуки за граѓаните, унапредување на законската рамка, подобрување на институционалните капацитети и следење и евалуација на политиките и нивниот придонес кон создавањето на јавна вредност и кон европеизацијата на Македонија.

ЦИКП е добитник на две ПАСОС тинк тенк награди, во 2010 и 2013 година, а од 2012 година се наоѓа на листата најдобри тинк тенкови од Централно-источна и југо-источна Европа. Во 2019та година Универзитетот Пенсилванија го рангираше ЦИКП како 42ри на листата од 100 најдобри тинк тенкови од Европа, воедно организацијата е најдобро рангирана од сите тинк тенкови во Македонија. Во 2016 година во Лима, Перу, ЦИКП ја доби наградата Јапонски медал за најиновативно истражување за развој на Глобалната мрежа за развој.

  1. Опис на задачата

Менаџерот на проектот ќе треба да ги извршува следниве задачи:

  • Истражување, анализа, и изработка на документи за јавни политики;
  • Соработка со различни целни групи: НВОа, граѓан/ки, и институции на централно и локално ниво,
  • Менаџирање на задачите при ангажирање домашни и странски експерти за потребите на проектот,
  • Менаџирање на организацијата на средби и настани, и активно вклучување во истите,
  • Редовно известување и информирање за работата пред раководниот тим на ЦИКП,
  • Редовно контактирање и известување на донаторите,
  • Промоција на проектите, продуктите, настаните на медиуми, вклучително и социјални медиуми;
  • Давање препораки за подобрување на состојбите во областа на проектното делување.
  • Компетенции / услови

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Универзитетска диплома, магистер на науки во областа на родови студии, социјална работа, психологија, јавна политика, политички науки, економија, бизнис или менаџмент.
  • Најмалку 3 години искуство во работа на проекти,
  • Солидно познавање на сите аспекти при планирање и имплементрирање на проектен циклус,
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик,
  • Одлично познавање на MS Office, познавање на СПСС или СТАТА ќе се смета за предност
  • Познавање и родово одговорно буџетирање и јани политики како дисциплина,
  • Одлични вештини во комуникација со избрани и именувани лица,
  • Професионална етика, навремено и уредно завршување на задачите, и посветеност кон организациските цели и целите на проектот.
  • Претходно работно искуство со проекти финансирани од ЕУ ќе се смета за предност.

Што нудиме?

  • Флексибилна работа во динамичен и напреден тим со различито мислење,
  • Едукација и вмрежување во областа на јавните политики и родовите прашања,
  • Средина за напредок во своите професионални и лични цели,
  • Бруто плата од 55.350 денари.

Како да се пријавите?

Испратете биографија, мотивациско писмо и примерок на пишан текст/анализа на crpm@crpm.org.mk со наслов “Пријава за проектен менаџер”, до петок, 20и ноември, 2020 година.

ЦИКП Скопје е работодавач кој овозможува еднакви можности. При одлуката за вработување ќе се внимава на родовиот баланс, и другите принципи утврдени во Статутот и Деловникот за работа на ЦИКП Скопје.

More To Explore