[HR_IMAGE_SHOW:TYPE=gallery9:W=520:H=188:SPEED=1:BGCOLOR=#FFFFFF:GAP=5:RANDOM=YES]


PROGRAM


Ден први (дневен ред)

Час Предмет Забелешки Времетраење
11:00 Добредојде Ќе биде послужено кафе До 25 минути
11:30 Вовед во обуката Преставници од ИТЗ, ЦИКП и УНИФЕМ До 10 минути
11:40 Вежба за загревање Асоцијации, игра на зборови, плима на идеи До 30 минути
12:10 Модул 1: Вовед во јавна политика / анализа на јавни политики / креирање политики Наталија Спасовска До 45 минути
13:00 Работилница бр. 1 Дискусии / расправа за време на кафе-паузата До 30 минути
Презентација До 20 минути
13:50 Модул 2: Вовед во стратешко планирање: Врски помеѓу стратешкото планирање и процесот на креирање политики Проф. Др. Жидас Даскаловски До 40 минути
14:30 Ручек До 1 час
15:30 Работилница бр. 2 Дискусии / расправа за време на кафе-паузата До 45 минути
Презентација До 30 минути
16:45 Затворање на првиот ден / Заклучоци / Научени лекции Претставник од ЦИКП До 10 минути

Ден Втори (дневен ред)

Час Предмет Забелешки Времетраење
09:00 Отворање на вториот ден од обуката и вовед во дневниот ред Претставник од ЦИКП;Ќе биде послужено кафе До 5 минути
09:05 Модул 3: Буџетски процес – врски помеѓу буџетскиот процес и креирањето политики / стратешкото планирање Тони Димовски, Министерство за Финансии на Република Македонија До 40 минути
9:45 Работилница бр. 3 Дискусии / расправа;Кафето се очекува да биде послужено во 10:30 До 45 минути
Презентации До 30 минути
11:00 Модул 4: Вовед во буџетска анализа М-р. Марија Ристеска До 45 минути
11:45 Работилница бр. 4 Дискусии / расправа До 45 минути
Презентации До 30 минути
13:00 Ручек До 1 час
14:00 Модул 5: Вовед во родово буџетирање (gender budgeting) М-р. Марија Ристеска До 45 минути
14:45 Работилница бр. 5 Дискусии / расправа;Кафето се очекува да биде послужено во 15:15 До 45 минути
Презентации До 30 минути
16:00 Следни чекори и затворање на обуката Претставник на ЦИКП До 10 минути

EVALUATION


Хотел “Континентал”, Скопје, 22-23 декември 2007

1. Корисно, Ефективно, Конструктивно, Комуникативно, Содржетно, Друштвено

2. Добро беше што за секој извештај беа дадени коментари за подобрување на истиот. Останува уште да се видат крајните резултати кои би требало да бидат подобри.

3. ок

4. Обуката е од голема корист за организациите. Организаторот направи добра динамика на креирање на драфтови во различни области. Посебно битно е публикацијата што ќе даде значително влијание во мониторигнот на буџет.

5. Многу добар втор дел од семинарот. Навистина ќе ми помогне во понатамошното работење на буџетска анализа. Интересно беше и предавањето за лобирање кое го одржа Жидас, бидејќи тоа е еден од клучните елементи за пласирање на готовиот производ. Идеата за формирање на неформална мрежа на Budget Watchdogs е супер и мислам дека дефинитивно треба да ја спроведеме и да видиме како ќе функционира.

 

Хотел “Црвен Крст“, Струга, 05-06 ноември 2007

  1. Квалитетена обука за Заштитници на јавното ќесе прв пат присуствувам на ваква обука и се надевам на конкретни активности како резултат на оваа обука. Само конкретни анализи како и следните чекори кои би ги превзеле можат да вродат со плод на веќе започнатиот дел од оваа обука.
  2. Иако групата беше многу мал сепак дискусиите ик непосредниот дијалог беше на многу високо ниво. Посебно ми с едопадна делот од првиот дн во кој имавме Вовед во јавнат аполитика и анализи з акреирање политики. Се надевам дека ќе го искористам стекнатоот знаење во работат ана мојата органзиација. Штос еоднесува до другите модули мислам дека модулот з абиџетски процес не е доволно јасен поради тоа што не добив јасна слика з анекои работи и беше премногу сиромашен со примери. Имате одличен тим кој функцонира како еден органзиам и само напред. Се надевам дека ќе ја продолжим есоработката и смао напред.
  3. Предности:

Обучувачите презентираа професионално

Логистика-супер

Ми се доапаѓа тоа што има конкретен продукт

Во целост ми користи обуката

Предизвици:

Повеќе време на интерактивна работа

Мотивација за постојаност на групата

  1. Во однос на органзиацијата немам забелешки, мојата оценка е 5. Сите теми од страна на обучувачите беа јасно презентирани. Работилиците беа интерактивни и им се овозможи на сите учесници да ги споделат своите искуства.

Забелешка: Сметам дека патните трошоци треба да бидат подмирени на сите учесници.

  1. Што ми се допадна:

Темата за јавна политика преку која се запознав со некои насоки во однос на оваа тема.

Условите за работа

Односот на организаторите кон групата

Што не ми се допадна:

Несериозноста на приајвените учесници кои не дојдоа на обуката

Класичното предавање на Др. Жидас.

  1. Со дадените теми се сретнувам за прв пат и затоа ги следев предавањата со особен интерес. Предавачите одлично си ја завршија својата задача, а ова го поткрепувам со фактот што иако ние учесниците на почетокот воопшто не се позанвавме а веќе следниот ден бевме кохерентен тим кој мислам одлично ќе си ја заврши задачата.

 

Хотел Континентал, Скопје, 05-06 октомври 2007

  1. Обуката е одлична, но потребно е да се издефинираат некои прашања за учесниците, во смисла на тоа кои обврски се преземаат од наша страна. Предавањата беа одлични.
  2. Општа оценка – обуката е интересна и презетациите беа добро органзирани и презентирани. Убава, флуидна дискусија- мнгу конструктивно.

Сугестии: да се обрне повеќе внимание на тајмингот на активностите. Да се одбегнуваат примери каде премногу се навлегува во детали. Подобра комуникација со учесниците. Ова е особено битно, бидејќи пишувањето и издавањето на заеднички анализи, треба да биде потенцирано преку пишан документ кој би се дистрибуирал како нацрт пред самата обука. Се на се убава иницијатива и мислам дека ќе имаме добра соработка.

  1. Сметам дека обуката беше сеопфатна и со добар квантум на информации. Предавачите имаа одлични и лесно разбирливи техники на презентирање. Недостасуваше единствено концизна и јасна презентација за текот и целите на обуката од самиот почеток. Изборот на учесниците овозможи пријатна атмосфера за дружење и дискусии.
  2. Обуката беше интересна. Задоволна сум од содржинскиот избор за презентација и начинот на кој беше извршено. Позитивни коментари за „отвореноста“ на презентерите и креативната осмисленост на работилниците. Благодарност… Единствена забелешка, теоријата треба да ја следат и практични примери
  3. Обуката беше добро осмислена, со одличен след на сесиите. За следната обука повторно да се организира во Скопје, по можност во работни денови.
  4. Мислам, дека ваков тип на обука претставува моќна алатка за граѓанскиот сектор, посебно во делот на подигање на свеста за овие прашања. Вториот ден од обуката ќе биде посебно апликативен и корисен. Наредната обука пожелно е да биде во работни денови во Скопје.
  5. Позитивни страни:
  6. Квалитетни презентации.
  7. Добра осмисленост на активноста
  8. Ја поздравувам иницијативата за коалицирање на НВО
  9. Последицата на меѓусебното запознавање на партиципиентите ќе резултира позитивно, движење за остварување на напредок во општеството

Негативности:

  1. Лош квалитет, непрецизност и недоволна обработеност на дневниот ред на активности
  2. Недоволна подготвеност на определени модератори (во смисла на прецизирање на барањата во workshop-овите)

Предлози:

  1. Да се продолжи проектот со дополнителен број на НВО кои не беа застапени, а се оцени дека ќе го унапредат проектот