Успешно спроведен прв дел од дводневната обука наменета за претставници од релевантните министерства. Вториот дел од обуката ќе се спроведе во текот на утрешниот ден, а на 22 и 23 декември ќе биде спроведена и втората обука која е планирана за оваа седмица.

Центарот за истражување и креирање политики овие обуки ги организира во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за труд и социјална политика, а со поддршка од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
