[HR_IMAGE_SHOW:TYPE=gallery4:W=520:H=188:SPEED=1:BGCOLOR=#FFFFFF:GAP=5:RANDOM=YES]

Хотел “Молика”, Битола, 15-17 Февруари 2007

Клуб на пратеници, Скопје, 8-9 Maj 2007

Клуб на пратеници, Скопје, 14-15 Јуни 2007

Клуб на пратеници, Скопје, 19-20 јуни 2007

Клуб на пратеници, Скопје, 21-22 јуни 2007


PROGRAM


Хотел Молика, Битола, 15-17 Февруари 2007

Четврток 15.02.2007

Тргнување од Скопје во 8:30 пред Хисар Туризам / Дрводекор

13:00-14:00 Ручек

14:00-14:30 Регистрација на учесници и отварање на обуката

Сузана Никодијевиќ – Генерален Секретаријат

Марија Ристеска – Центар за Истражување и Креирање Политики

14:30-15:15 Воведни излагања за процесот на креирање политики

Што е јавна политика?

Циклус на креирање политики

Начела за креирање на политики

Правна рамка која го регулира процесот на креирање политики

Вежба

15:15-15:30 Пауза за кафе/чај

15:30-16:15 Методи и техники на креирање на политики

Анализа на состојбите

Европска Интеграција

Проценка на ресурси

16:15-16:45 Вежба (работа во групи – употреба на методи и техники)

16:45-17:00 Пауза

17:00-17:30 Презентација на работата во групи

19:00-20:30 Вечера

Петок 16.02.2007

8:00-9:00 Доручек

9:00-9:30 Утврдување на можни решенија / опции

9:30-10:00 Вежба (работа во групи)

10:00-10:30 Презентација на работата во групи

10:30-10:45 Кафе пауза

10:45-11:15 Проценка на влијанија

Финансиски

Институционални/структурни

Економски/Социјални/културни

Еколошки

11:15-11:45 Работа во групи на проценка на влијанија

11:45-12:15 Презентација на резултатите од анализата

12:15-13:00 Подобрување на опциите и избор на најдобра опција

13:00-14:00 Ручек

14:00-14:30 Работа во групи

14:30-15:00 Презентација на работата во групи

15:00-15:15 Кафе пауза

15:15-16:00 Подготовка на финален предлог

16:00-17:00 Работа во групи на подготовка на финален предлог

19:00-20:30 Вечера

Сабота 17.02.2007

8:00-9:00 Доручек

9:00-9:30 Аргументирање, презентирање, информирање на јавноста

9:30-10:00 Вежба (работа во групи)

10:00-10:30 Презентација на работата во групи

10:30-10:45 Кафе пауза

10:45-11:30 Спроведување, Следење, Евалуација

11:30-12:00 Работа во групи

12:00-12:45 Презентација на работата во групи

12:45-13:00 Заклучување на обуката

13:00-14:00 Ручек

Заминување за Скопје

 

Клуб на пратеници, Скопје,

Прв ден

09:00-09:30 Регистрација на учесници и отварање на обуката

09:30-10:15 Воведни излагања за процесот на креирање политики

Што е јавна политика?

Циклус на креирање политики

Начела за креирање на политики

Правна рамка која го регулира процесот на креирање политики

Вежба

10:15-10:30 Пауза за кафе/чај

10:30-11:15 Методи и техники на креирање на политики

Анализа на состојбите

Европска Интеграција

Проценка на ресурси

11:15-11:45 Вежба (работа во групи – употреба на методи и техники)

11:45-12:00 Пауза

13:00-13:30 Презентација на работата во групи

14:00-14:30 Утврдување на можни решенија / опции

14:30-15:00 Вежба (работа во групи)

15:00-15:30 Презентација на работата во групи

15:30-15:45 Кафе пауза

15:45-16:15 Проценка на влијанија

Финансиски

Институционални/структурни

Економски/Социјални/културни

Еколошки

16:15-16:45 Работа во групи на проценка на влијанија

Втор ден

09:00-09:30 Презентација на резултатите од анализата

09:30-10:15 Подобрување на опциите и избор на најдобра опција

10:15-10:45 Работа во групи

10:45-11:15 Презентација на работата во групи

11:15-11:30 Кафе пауза

11:30-12:15 Подготовка на финален предлог

12:15-13:15 Работа во групи на подготовка на финален предлог

13:15-14:15 Пауза

14:15-14:45 Аргументирање, презентирање, информирање на јавноста

14:45-15:15 Вежба (работа во групи)

15:15-15:45 Презентација на работата во групи

15:45-16:00 Кафе пауза

16:00-16:45 Спроведување, Следење, Евалуација

16.45-17:15 Работа во групи

17:15-18:00 Презентација на работата во групи

18:00-18:15 Заклучување на обуката

 


EVALUATION


 

Хотел Молика“, 15-17 Февруари 2007

 

  • Центар за Истражување и Креирање Политики – ЦИКП Скопје
  •  Генерален Секретаријат на Владата на РМ
  •  НОРМАК

Оваа обука е прва од ваков вид во Македонија и со неа ЦИКП Скопје, Генералниот Секретаријат или поточно Секторот за анализа и креирање политики, поддржани од НОРМАК сакаат да го промовираат Прирачникот за креирање политики и да ги постават основите за транспарентно, отворено и креирање на политики на база на факти.

Ни беше чест што учествувавте на обуката и сакаме да го споделите со нас вашето искуство за содржината и техничките аспекти на организација на оваа обука.

А. Содржина

П1: Дали обуката беше на ниво на очекувањата? Овозможи ли трансфер на нови знаења? Даде ли можности за контакти со нови колеги и наплив на нови идеи?

ДА

-потикна нови идеи;

-ги исполни очекувањата;

-нови идеи, трансфер на нови и контакти;

-потврди веќе стекнати знаења и овозможи контакти;

-беше потребен модератор кој ќе ги воведе учесниците во дискусиите;

-потврда не веќе постоечки знаења и појанување на процедурата на анализа и креирање политики;

-размена на искуства;

-можност за компарација на пристапот во работата со другите институции;

-делумно.

НЕ Тогаш што требаше да биде поинаку?

П2: Дали знаењата кои ги добивте на обуката ќе бидат корисни за вашата работа? Што поточно сметате дека ќе биде најкорисно?

ДА

-генерално ќе бидат од корист;

-начинот на имплементација на законите;

-генерално ќе бидат од корист но, имаше работи кои веќе беа познати;

-знаењата кои ги стекнав ќе бидат од корист во моето секојдневно работење;

-избор на најдобра опција;

-нови знаења во врска со процесот на креирање политики;

-РИА (оценка на влијанијата), интересни беа предавањата на Иван;

-методолигија на креирање политики;

-размена на исвкуства;

-утврдување на можните решенија и проценка на влијанијата;

НЕ Тогаш зошто знаењето кое го добивте нема да биде корисно за вас?

П3: Дали имате некои сугестии за подобрување на програмата на обуката? Додавање на нови содржини? Нови обучувачи? Повеќе примери? Организација на обуката на ниво на министерства за да се зајакне капацитетот за креирање политики на ниво на министерство?

-повеќе информации и практични примери;

-се е одлично, особено работилниците беа ефикасни;

-да се организира на министерско ниво;

-повеќе примери и специјализирана обука за области кои ги покрива конкретното министерство;

-повеќе работилници и теми кои се поврзани со работата на иституцијата која ја претставувам;

-повеќе практични примери со цел полесно да се разбере теоријата и да бидат вклучени минимум 2 вработени од секоја институција;

-програмата требаше да трае подолго;

-можност за поактивно учество на учесниците во работилниците;

-потребен е модератор;

-поцелосно да се објасни циклусот на креирање политики;

-премногу се навлегува во дискусии;

-примерите не беа соодветно одбрани;

-повеќе примери и работа во групи;

-да се примени обука со учесници од едно министерство или група на министерства кои имаат поблиска дејност;

-работа со повеќе примери;

-обуката треба да се изврши на ниво на поединечни министерства;

П4:Дали вашата институција би била заинтересирана за редовни консултативни состаноци со ЦИКП Скопје и координација на Секторот за анализа и креирање политики на ГС на Владата на РМ?

ДА Во кои области?

-реформа на јавна администрација, човечки ресурси;

-веќе имаме воспоставено комуникација со секторот;

-при донесување на законски и подзаконски акти;

-проценка на влијанија;

-планирање на политики;

НЕ Зошто не?

-затоа што не сме директни предлагачи на закони

А. Технички аспекти

Како ви се допадна локацијата на која се одржа обуката?

Одлична/10

добра/8

лоша/0

Коментар:

-добра можност да се тргнеме од секојдневието;

-би можело и да биде во градот за да не бидеме приморани да седиме во хотел поради лошото време;

Што мислите за должината на обуката?

Одлична/4

добра/12

лоша/1

Коментар:

-третиот ден концентрацијата опаѓа;

-обуката треба да трае пократко;

-треба да има поголеми паузи со оглед на тоа што обуката е целодневна;

-уште еден ден за да има повеќе време за работа во групи;

-предолги дискусии ;

Како го оценувате вашето учество? Беше ли доволно? Можевте да бидете поактивни?

Одлична/2

добра/16

лоша/0

Коментар:

-секогаш може подобро

Благодариме за вашето учество и добар пат / Bon Voyage!

 

Клуб на пратеници, Скопје, 8-9 Maj 2007

1. Предавачите беа супер, предавањата се јасни и доста можат да помогнат во натамошната работа на оние кои имаат малку искуство во оваа работа. Сметам дека можат да продолжат со овој капацитет.

2. Од аспект на организацијата обуката беше во ред, како што сметам дека ваква обука би требало да трае подолго и да се работи подетано, т.е. во рамките на можностите да се работи индивидуално. Сметам дека научив многу корисни работи, но исто така сметам дека овие работи краткорочно неможат да се применуваат на нашите работни места, знам во јавната администрација. Можеби има исклучоци, но генерално неможат да се приметат. Поздрав

П:С. Би требало да ни се доделат сертификати за следење на обуката.

3. Сметам дека обуката што ја спроведовте беше добро осмислена, обучувачите беа добро подготвени, со нив се комуницираше на завидно ниво и мошне успешно ни ги пренесоасвоите знаења за предметната обука. Тие беа одлични, со сите потребнипомошни тела технички и пишани. Навистина на завидно ниво. Просториите, храната, дружењето се беше без прекорно организирано.

4. Теоретската подготвеност на обучувачите е на високо ниво, знаењата што беа презентирани се широки и секако така срочени ќе бидат од понатамошна полза. Тимот е составен од млади луѓе, теоретски добро потковани и посакувам успех и понатаму во работата. Организацијата и услугата беа на задоволително ниво. Ви благодарам.

5. Спремни прдавачи. Спонтаност во текот на презентацијата. Креативност во начинот на излагање – преку смисла за хумор. Можеби е потребно повеќе работилници да има.

6. Бидејќи јас сум релативно брзо вработена, оваа обука ми даде една претстава за тоа како политиките се креираат. Ми се допадна навистина начинот на работа и понатака Ве охрабрувам да продолжите со овој тип на работа, бидејќи навистина има позиивни ефекти. Предавањата ми се допадна, презентациите исто така, а начинот на развивање на дискусииите беше супер. Доколку не ни дадовте листови за да ве пофалам,сигурно ќе ви напишев порака на вашите адреси. Инес Колариќ (Министерство за локална самоуправа)

7. Сосема солидна презентација, пристапна до различни слушатели, посетители на обуката. Сметам дека можеби треба да се употребуваат повеќе практични примери, со што презентацијата би била позанимлива.

8. Прерано е за да можеме ние да Ве оценуваме. Сега учиме од Вас. Но во догледно време можеби и ние ќе можеме Вас да ве оценуваме, бидејќи имате прекрасно методско обучување. Јасен сти, пристапен до сите, а сепак и едно академско ниво. Јас лично мислам од сите обуки што сум ги поминала, оваа ми беше најкорисен. Се чувствував прекрасно, бидејќи создадовте работната атмосфера да биде многу пријатна. Избегнавте да се чувствуваме (по мое мислење) непријатно. Релаксирана атмосфера, не дозволивте да ми биде досадно. Ви посакувам понатамошен успех и ја добивате највисоката оценка. За горе наведените работи мислам дека имам искуство и мислам барем во оценувањето дабидам подобра од Вас. Ви честитам и продолжете што повеќе да го користите македонскиот јазик.

9. Ценам дека е потребно на другите обуки да се јават повеќе конкретни примери, да се работи интерактивно. Низ работата на конкреен пример ќе се доближат конкретната проблематика на целните групи.

10. Од организациски и технички аспект обуката беше добро организирана. Избраниот простор и времетраењето на обуката беа соодветни. Добиените материјали беа одлични, со оглед на тоа што ги опфаќаат сите содржини од обуката и можат понатаму и практично да се користат како помагало во работата. Предавачите исто беа одлично подготвени. Од аспект на опфатените содржини сметам дека обуката е од директно, практично значење во работата на државните службеници, бидејќи на системски начин ја презентира методологијатана сите фази од процесот на креирање на политики, поткрепено со практични актуелни примери, што е многу корисно и што треба секој кој е вклучен во овој процес да го знае. Особено ми се допадна интерактивниот пристап и користењето конкретни примери, што ја направи темата на обуката опиплива и практично применлива.

Препорака: оваа обука задолжително да се спроведе за сите државни службеници.

Клуб на пратеници, Скопје, 14-15 Јуни 2007

1. Содржината на обуката е релевантна за мојата работа, а особено следниве теми: утврдување можни опции, избор на најдобра опција, аргументирање, спроведуавње, следење и евалуација. Овие теми даваат целосен преглед на сите фази кои се дел од процесот на креирање политики. Единствено што недостасува е повеќе примери од нашата или други држави. Особено корисна беше работилницата насловена како ,,Избор на опции” преку која симулиравме реална сируација од доменот на нашата работа.

2. Обуката ми се допадна бидејќи како штотуку вработена ми даде подетални објаснувања поврзани со задачите на моето работно место. Предавањата беа ефикасни, а предавачите беа многу информирани во врска со областа креирање политики. Би сакала и во иднина да ме поканите на слични вакви обуки.

3. Продолжете така….

4. Обуката беше одлична. Сите теми беа сеопфатно презентирани од страна на предавачите. Целата обука беше интерактивна, особено работилниците. Особено ми се допаѓа што секоја од темите покрај теоретскиот дел вклучува и работилница која овозможува полесно да се разбере самата тема.

5. Процесот на креирање политики е многу комплексен и бара координација на повеќе активности. Од тие причини, за поздравување е еден ваков семинар каде се објаснува процесот во целина. Лично сметам дека семинарот би бил уште поуспешен доколку има повеќе практични примери и работилници преку кои ќе се следи процесот од почеток одо крај, не само теоретско објаснување.

6. Листот за евалуација не треба да е празен, постои посебен формат за тоа. Оценка за обучувачите генерално 4. Она што не ми се допадна беше што скокавме практични вежби во интерес на времето. Најинтересна тема беше предавањето на норвешкиот конслултант и искуствата од Норвешка. Најслаба страна на обуката беше преводот. Оценка на техничкиот дел, избор на простор и сл е 5. Одлично место за одржување обука. Објаснувањето за историјатот и работењето на ЦИКП беше кратко и нејасно.

7. Добрата страна на обуката беше практичната работа и искуството на самите предавчи кои успешно ги провоцираа учесниците. Лично се здобив со многу нови знаења меѓутоа временскиот период беше многу краток.

Клуб на пратеници, Скопје, 19-20 Јуни 2007

1. Генерално обуката за креирање на политики од технички аспект беше органзизирана во најдобар ред. Додека во врска со предавањата највеќе ми се допадна предавањето на норвешкиот професор. Сметам дека треба да има повеќе такви предавања со црпење на искуства од развиените држави. Дугите предавачи беа истотака во ред.

2. Од името на Генералниот секретаријат на Владата, обуката ја оценуваме како успешна и добро организирана од технички аспект. Во однос на предавањата, сметаме дека се солидни, инетересни за слушање, а притоа би сакале да напомениме дека практичните примери кои овозможуваат интеракција на учесниците се корисни за слушателите. Генерално, целиот тим одлично си ја заврши обуката.

3. Генерално добро осмислена работилница. Тимот на предавачи не ја познава доволно состојбата во јавната администрација во Македонија. Потребно е во тимот да се вклучи и предавачи од технички науки.

4. Лично сум задоволна од моето присуство на обуката. Што се однесува до презентациите беа на задоволително ниво и го задржаа вниманието на сите учесници бидејќи стекнавме нови сознанија. Ова оценка се однесува и на протоколарниот дел.

5.Семинарот беше добро органзиран. Не сите предавачи беа подготвени да одговорат адекватно на прашањата на учесниците, кои меѓу другото имаат постично знаење од теоретското предавање на презентерите. Потребна е поголема интерактивност.

Клуб на пратеници, Скопје, 21-22 Јуни 2007

1. Обуката во целост ги задоволи поставените цели. За службениците кои се директно вклучени во тој процес корисно е да се повторат но и да се стекнат некои нови знаења. Презентациит ена предавачите беа јасни прецизни и интересни и го задржаа вниманието на слушателите.

Наш предлог: редовно да се одржуваат вакви обуки.

2. Забележителен е квалитетот на предавачите од вториот ден имајќи ги предвид темите кои ги обработуваа, што не е случај со првиот ден. Општ е впечатокот дека предавчите имаа аналитички пристап, но сепак би требало да се земе во предвид и практичното искуство особено во делот на креирање и спроведување на официјалните политики. Критичкиот пристап мора д ас е генерира од практичното искуство, а не да се гради од позиција на согледување на состојбите од страна. Не е лошо, но може да биде и поквалитетно!!!