Камера ! Акција !
Денеска, во рамки на Утринска на Телма / Utrinska na Telma, промовирaвме две Смарт Старт социјални претпријатија – ХубИТ и ХуманаС. Дополнително, во студиото во Tv Telma беше и Нина Кепеска, менаџерка за општествена одговорност и односи со јавноста во Adora Engineering / Адора Инженеринг Скопје – Добар бренд кој им дава менторска поддршка на ХуманаС.
Емилија Робановска од ХуманаС посочи дека се горди на нивната општествена мисија – нега на стари лица во домашни услови која ќе ја пружаат социјално ранливи негувател(к)и, додека пак Магдалена Димкова од Open the Windows/Отворете ги прозорците посочи дека со нетрпение очекуваат да почнат да ги тестираат интернет страниците на големите компании за тоа колку истите се пристапни за лица со одредена вид попреченост.