Национална конференција по повод промоција на проектот СМАРТ Балкан

0
206

Со огромно задоволство ви ја најавуваме и ве каниме на националната конференција во С. Македонија за промоција на проектот СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан во среда на 22.06.2022 со почеток во 11.00 часот во хотел DoubleTree by Hilton, Скопје.

На конференцијата ќе ги претставиме целите на проектот, можностите за финансирање на 450 грантови во целиот регион во вкупен износ од 14 286 218 ЕУР, а ќе дискутираме и за актуелните состојби во секторите безбедност и стабилност и добро владеење во С. Македонија и во регионот.

АГЕНДА

10:30 – 11:00 Регистрација на учесничките и учесниците
11:00 – 11:25 Воведни обраќања
11:25 – 12:10 Панел дискусија 1: Перспектива на стабилноста и безбедноста на Западен Балкан
12:15 – 13:00 Панел дискусија 2: Добро владеење и евроинтеграциите во Западен Балкан: анализа на состојбата и улогата на граѓанските организации
13:00 – 14:00 Претставување на проектот и грантовата шема
14:00 – 15:00 Коктел

Вашиот интерес за учество изразете го со пополнување на електронската пријава ТУКА најдоцна до 17.06.2022 година.

Лице за контакт: Бојана Крстевска krstevska@crpm.org.mk

Конференцијата е во организација на Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП Скопје во соработка со партнерските организации од БиХ – Centar za promociju civilnog drustva (CPCD) и Албанија – Institute for Democracy and Mediation, со поддршка на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка