Мирен собир по повод Денот на менструалната хигиена (30 мај 2022, 13 ч.)

0
65
По повод 28 мај – Денот на менструалната хигиена, на 30 мај 2022 (понеделник) со почеток од 13 часот ќе се одржи мирен собир пред Министерството за Финансии на РСМ.
Како резултат на немање пристап до услови за управување со менструалното здравје, девојчињата и жените заостануваат во општеството, со што се попречуваат нивните можности за еднаквост и учество во јавниот живот. Стапката на ДДВ за менструалните производи е 18 % – исто колку и за шише виски или, пак, кутија цигари.
Со цел намалување на менструалната сиромаштија гласно ќе побараме од надлежните во ресорното Министерство преземање на конкретни мерки со кои ќе се врати достоинството на жените и девојчињата во државата. Менструалното здравје е прашање од јавен интерес, а менструалната правда е предуслов за социјална правда.
Менструалната хигиена не е привилегија!
Ве повикуваме да излезете заедно со нас, со почеток во 13 часот пред зградата на Министерство за Финансии каде што ќе ги искажеме нашите барања и официјално ќе ги доставиме до ресорното Министерство.

 

Менструалните производи не се луксуз! 5% ДДВ СЕГА!