Истражување по методот на партиципативно учење и акција (ПЛА) со младите момчиња во Гостивар и Ѓорче Петров

Share This Post

Го објавуваме извештајот кој произлезе од Истражувањето по методот на партиципативно учење и акција (ПЛА) со младите момчиња во Гостивар и Ѓорче Петров. Со момчињата зборувавме на различни теми да се утврдат димензиите на машкоста и перцепциите за насилство меѓу младите. Оваа активност ја реализиравме во рамки на проектот „Градење на здрави животни навики на момчињата во Гостивар и Ѓорче Петров“ кој го спроведуваме со нашите партнери CARE International Balkans, со поддршка на Амбасадата на кралството Холандија во Скопје.

На фокус групите беа идентификувани повеќе области за интервенции кои укажуваат дека постои силна потреба од едукативни програми со младите луѓе. Некои од перцепциите на момчињата се:

  • Токсичната машкост е идентификувана како табу тема за дискусија. Ова е под влијание на културните норми и формалното/неформалното образование. Сите учесници се согласија дека ова е тема на која е тешко да се зборува, но во исто време е доста потребна во нивната заедница. Врсничка едукација беше оценета како соодветен метод да се искористи за едукација на оваа тема.
  • Родовите улоги се строго поделени меѓу мажите и жените, почнувајќи од машки/женски играчки до типот на работните места што може да се извршуваат.
  • Доминантната и моќна машка фигура се гледа како многу нормална и определена. Во ситуации кога мажот има женски особини би бил исмејуван и отфрлен од машките пријатели. Оваа тема мора да биде вклучена во обуките.
  • Во однос на родовото засновано насилство, учесниците се изјаснија дека тоа може да се оправда во некои ситуации. Затоа, дискусиите поврзани со родово засновано насилство се исклучително корисни работа со момчињата кои можат да бидат потенцијални напаѓачи во иднина.
  • Физичкото насилно разрешување конфликти е подоминантно во машките заедници, особено меѓу соучениците. Оваа перцепција е добра основа за дискусија, особено затоа што младите мажи ја сметаат за најдобро решение во повеќето ситуации.
  • Поради постоечките традиционални норми, младите мажи имаат општествено ограничување во изразувањето на какви било емоции и покажувањето емоции како тага, тага, емпатија итн., ќе ги направи момчињата како „слаби“ личности.

Прочитајте го целосниот извештај:

PLA REPORT ON YOUNG MEN INITIATIVE IN GBV PREVENTION IN NORTH MACEDONIA

More To Explore

Activities

Call for Mentors | GBWN

Gender Budget Watchdog Network is looking for 5 mentors to guide and support