Партиите со посредство на меѓународната заедница постигнаа договор за разрешување на политичката криза. Опозицијата да се врати во парламентот во септември, да се формира нова Влада со премиер кој ќе го одреди ВМРО- ДПМНЕ. Новата влада во која учество ќе земе и СДСМ ќе ги подготвува изборите што ќе се одржат на 24 април 2016 година и да се назначи Специјален обвинител што ќе ги испита проблемите поврзани или кои произлегуваат од следењето на комуникациите. Ова е го договорија четворицата лидери Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи со посредство на еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и европратениците Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл на средбата која се одржа во вторникот во резиденцијата на Европската унија во Пржино…
Четврто седмично предавање на Школото за јавни политики за генерација 2024/5
На 30.10.2024 во 18 часот Никола Минов, редовен професор на