ЦИКП учествуваше на конференцијата “Доближување до целите на Европската унија: Зелен договор и еколошки политики во Косово и Северна Македонија”, организирана од страна на Wilfried Martens Centre и Konrad Adenauer Stiftung во Приштина.
Извршната директорка на ЦИКП, д-р Марија Риастеска зема учество на панел дискусијата “Цели за одржлив развој – степенот на исполнување во Косово и Северна Македонија”. Таа во своето обраќање се осврна на спроведувањето на ЦОР (SDG) 5.C.1. во Северна Македонија, Косово и останатите земји од Западен Балкан.
