Според аналитичарите, пораките на премиерот не се новост во неговата политичка реторика и се наменети пред се’ за предизборно бодрење на членството на ВМРО-ДПМНЕ
Во политичките кругови не стивнуваат коментарите за последното интервју на Груевски за порталот „Прес 24“, во кое тој претстојната изборна битка ја спореди со боксерски меч во кој ќе му зададе финален удар на неговиот опонент Зоран Заев. Првите одгласи се дека содржината на интервјуто е потег што е повеќе наменет за предизборно бодрење на членството на ВМРО-ДПМНЕ, отколку ефективни политички пораки кон пошироката јавност. Аналитичарите забележуваат дека премиерот од една страна употребува жесток вокабулар за пресметка со опозицијата и проопозициски настроените кругови, а од друга страна, прави видлив обид за омекнување на реториката кон меѓународната заедница, преместувајќи го фокусот на критиките кон посредникот во преговорите, Питер Ванхауте…