Визионерски работилници: Зелена економија и зелени работни места, јавни институции и образование и наука

0
87

Тимот на ЦИКП, Ирена Николовска, Билјана Матевска и Александар Цеков учествуваа на визионерските работилници – Зелена економија и зелени работни места, Јавни институции и Образование и наука кои се дел од активностите за подготовка на Националната стратегија за развој на РСМ 2022-2042, каде ги изнесовме нашите предлози и препораки:

  • Професионални, ефикасни, отворени, дигитализирани и некорумпирани јавни институции за одржлив развој;
  • Разбирање и воведување на нова економска парадигма, од линеарна кон циркуларна економија;
  • Инвестирање во наука и истражување со зголемување од најмалку 0,5% од БДП на годишно ниво, секоја година последователно;
  • Партиципативно и инклузивно креирање развојни и реални политики на сите нивоа кои го промовираат принципот на меѓусекторска и институционална соработка.