Тимот на ЦИКП Скопје во текот на месец април оствари средби со следниве компании:
ДОМИА-ДОО-Прилеп; КОМФИ-АНГЕЛ, Прилеп;
МОНИКА, Прилеп; АЦЕЛОР МИТЕЛ, Скопје и ФЕНИ ИНДУСТРИ, Кавадарци.
На овие средби се разговаше за влијанието на финасиката криза на работењето на компаниите, кои мерки ги преземале самите менаџери како свои предлози или предлози на вработените и синдикатите за ублажување и надминување на последиците од кризата кои биле од директно влијание на вработените и на производството. Исто така беше разговарано и за степенот на социјалниот дијалог на ниво на работодавачи-работници во периодот на економската криза и резулататите од тоа.