Вебинар: Регулирање на мајчинското и татковското отсуство – влијание врз трошоците и промена на родовите вредности

Share This Post

Мрежата за родово-одговорно буџетирање (МРОБ) со задоволство ве поканува на првиот вебинар за оваа година насловен „Регулирање на мајчинското и татковското отсуство – влијание врз трошоците и промена на родовите вредности“. Вебинарот ќе се одржи онлајн преку платформата Zoom на 10-ти март (петок), 2023 година со почеток во 13:00 часот.

Од 2-ри август 2022 година, земјите на ЕУ започнаа со примена на Директивата (ЕУ) 2019/1158 за рамнотежа помеѓу работата и животот на родителите и старателите, која предвидува одредби за мајчинското, татковството и отсуството на старателите. Од друга страна, во дел од земјите од Западен Балкан и Молдавија, сè уште се дебатира за потребните реформири за усогласување на домашните закони за работни односи со законодавство на ЕУ.

Целите на вебинарот се:
• Подигнување на свеста за Директивата на ЕУ за рамнотежа помеѓу работата и животот на родителите и старателите и статусот за нејзиното спроведување во Западен Балкан и Молдавија;
• Расправа околу трошоците и придобивките, вклучително и промената на родовите вредности кои можат да произлезат од усогласувањето на домашното законодавство со директивата на ЕУ.

За да присуствувате на вебинарот, ве молиме пријавете го вашето учество на следниот линк – http://bit.ly/3YRJJzz
За дополнителни прашања и дообјаснувања: janeva@crpm.org.mk

Вебинарот е организиран во синергија помеѓу двата проекта – „Зајакнување на транспарентноста и одговорноста за родова еднаквост во Западен Балкан и Молдавија“, поддржан од Австриската агенција за развој и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка и проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“, финансиран од Европската Унија.

(!) Работниот јазик на вебинарот е англиски, со обезбеден превод на македонски, српски/црногорски/босански, албански и романски јазик.

АГЕНДА

Тема
Говорник/чка
Време
Поздравен говор на модераторката
Мерсиха Јаскиќ, модератор на МРОБ, CPCD
13:00 – 13:05
Директива на ЕУ (ЕУ) 2019/1158
Јелена Пераниќ Атинел, DG JUST D3
13:05 – 13:15
Македонско усогласување и трошоци за реформата
Марија Ристеска, извршна директорка на ЦИКП и регионална директорка на МРОБ
13:15 – 13:25
Татковско отсуство во Црна Гора: дава резултати или не?
Славица Стриковиќ, извршна директорка на Женска акција
13:25 – 13:35
Законските измени во Молдавија и постојните предизвици
Алина Андроначе, Партнерски центар за развој
13:35 – 13:45
Татковско отсуство: Истражување за законските и административните пречки за користење на татковско отсуство во Босна и Херцеговина
Амина Диздар, Отворен центар Сараево
13:45 – 13:55
Проширување на можноста за избор преку соодветни политики за семејството: трошоците за породилно отсуство во Косово
Дита Добрања, експертка за економија
13:55 – 14:05
Татковското отсуство и промена на  вредностите
Јано Пушкар, корисник на татковско отсуство во Војводина, Србија
14:05 – 14:15
Дискусија
14:15 – 14:45
Заклучоци
14:45 – 15:00

 

More To Explore

Activities

Call for Mentors | GBWN

Gender Budget Watchdog Network is looking for 5 mentors to guide and support