Буџетски иницијативи и активности кои беа приоритизирани од граѓаните, а општина Чаир ги вклучи во годишните програми и буџет за 2022 година.
Во месец јуни 2021 во Општина Чаир спроведовме форум во заедницата на кои учествуваа 70 жени и 12 мажи во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“.
Целта на форумите беше вклучување на граѓаните, особено жените и маргинализираните заедници, преку идентификување на локалните проблеми и решенија во креирањето на годишните програми и буџетот на општина Чаир за 2022 година.
Запознајте ги нашите подгрантисти од Здружение за напредок, поддршка и одржлив развој на жени-Apple Tree кои во рам ки на проектот „Низ женски леќи“ финансиран од Европската Унија ќе го спроведат проектот „Глас и ехо – креирање подобри услови за родово одговорно буџетирање во општина Чаир“
