Буџетски иницијативи во општина Теарце

0
54
Буџетски иницијативи/активности кои беа приоритизирани од граѓаните, а општина Теарце ги вклучи во годишните програми и буџет за 2022 година.
Во Полошкиот регион во месец јуни 2021 во Komuna e Tearcës / Општина Теарце спроведовме форум во заедницата на кои учествуваа 44 жени и 28 мажи во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“.
Целта на форумите беше вклучување на граѓаните, особено жените и маргинализираните заедници, преку идентификување на локалните проблеми и решенија во креирањето на годишните програми и буџетот на општина Теарце за 2022 година.
Воедно, запознајте ги нашите подгрантисти од Здружение за развој и едукација ЕГНАТИА с.Теарце и нивната менторка Бети Пеева, кои во рамки на проектот „Низ женски леќи“ финансиран од Европската Унија ќе го спроведат проектот „Зајакнување на капацитетите за родово одговорно буџетирање и вклучување на родова перспектива во програмите на општина Теарце’’.
Овој проект има за цел јакнење на капацитетите и следење на општинската администрација, вклучување на родовата перспектива во процесот на креирање програми и буџет, како и дефинирање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните на општина Теарце.
Со имплементирање на проектот ќе се анализира програмата за социјална заштита на општина Теарце, буџетот предвиден за реализација на истата и ќе се утврдат потребите на крајните корисници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here