Буџетски иницијативи во општина Пробиштип

0
144
Буџетски иницијативи/активности кои беа приоритизирани од граѓаните, а општина Пробиштип ги вклучи во годишните програми и буџет за 2022 година.
Во месец јуни 2021 во Општина Пробиштип спроведовме форум во заедницата на кои учествуваа 60 жени и 9 мажи во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“.
Целта на форумите беше вклучување на граѓаните, особено жените и маргинализираните заедници, преку идентификување на локалните проблеми и решенија во креирањето на годишните програми и буџетот на општина Пробиштип за 2022 година.

 

Запознајте ги и нашите подгрантисти од Организација на жените на општина Свети Николе-owmsvn кои во рамки на проектот „Низ женски леќи“ финансиран од Европската Унија ќе го спроведат проектот „Родова перспектива на потребите, политиките и буџетот на општина Пробиштип“. Минатата недела остваривме средба со координаторката за еднакви можности и претседателката на Комисјата за еднакви можности на Општина Пробиштип.
Целта на проектот е придонес кон градење на интегративни родово сензитивни локални програми.
Преку унапредување на консултативните процеси при креирање на локални политики со вклучување на девојките и жените на локално ниво во општина Пробиштип, подгрантистите ќе изработат мониторинг извештај користејќи алатки за родово одговорно буџетирање.