Буџетски иницијативи во општина Македонска Каменица

Share This Post

Буџетски иницијативи/активности кои беа приоритизирани од граѓаните, а општина Македонска Каменица ги вклучи во годишните програми и буџет за 2022 година.
Во месец мај 2021 во Општина Македонска Каменица спроведовме форум во заедницата на кои учествуваа 42 жени и 27 мажи во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“.
Целта на форумите беше вклучување на граѓаните, особено жените и маргинализираните заедници, преку идентификување на локалните проблеми и решенија во креирањето на годишните програми и буџетот на општина Македонска Каменица за 2022 година.
Нашите подгрантисти од Здружение Надеж-„Hope“ во рамки на проектот „Низ женски леќи“ финансиран од Европската Унија ќе го спроведат проектот „Еднаквоста носи напредок“. Минатата недела, заедно со менторката Елена Кочоска, остваривме средба со координаторката за еднакви можности на Општина Македонска Каменица.

Целта на проектот е унапредување на родовата еднаквост преку воведување на родово еднакво буџетирање во ЕЛС Македонска Каменица.
Преку активно следење на работата на општинската администрација и членовите на Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Македонска Каменица, подгрантистите ќе изработат мониторинг извештај користејќи алатки за родово одговорно буџетирање.

More To Explore